2. Самоилова 24:1-25

24  Гневот на Јехова повторно+ се распали против Израелците кога Давид беше предизвикан* да ги преброи+ Израел и Јуда.  Така царот му рече на Јоав,+ својот заповедник на војската, кој беше со него: „Обиколи ги сите племиња на Израел, од Дан до Вирсавеја,+ и попишете го народот+ за да знам колку народ има!“+  Но Јоав му рече на царот: „Јехова, твојот Бог, нека му додаде на овој народ уште стопати олку колку што го има сега, и мојот господар, царот, нека го види тоа со свои очи. Но зошто мојот господар, царот, сака да направи такво нешто?“+  Но царскиот збор беше посилен+ од зборот на Јоав и на воените заповедници. И така Јоав и воените заповедници отидоа откај царот да го попишат+ израелскиот народ.  Го поминаа Јордан и се улогорија кај Ароир,+ десно од градот што е среде долината, а потоа тргнаа кон синовите на Гад+ и кон Јазер.+  Потоа дојдоа во Галад+ и во земјата Тахтим-Ходши, продолжија до Дан-Јан, а потоа свртија кон Сидон.+  Потоа дојдоа до утврдениот град Тир+ и во сите градови на Евејците+ и на Ханаанците, а својот пат го завршија во Јудиниот Негев,+ во Вирсавеја.+  Така ја обиколија целата земја, и по девет месеци и дваесет дена дојдоа во Ерусалим.  И Јоав му го даде на царот бројот на попишаниот народ:+ синови на Израел имаше осумстотини илјади смели мажи вооружени со меч, а синови на Јуда петстотини илјади мажи.+ 10  Но срцето постојано го осудуваше+ Давида откако го преброи народот. И Давид му рече на Јехова: „Многу згрешив+ што го направив тоа! Те молам, Јехова, прости му го овој грев+ на својот слуга, зашто постапив многу неразумно“.+ 11  Кога Давид стана утрото, Јеховината реч му дојде на пророкот Гад,+ јасновидецот+ на Давид: 12  „Оди и речи му на Давид: ‚Вака вели Јехова: „Три нешта ставам пред тебе,+ а ти избери, кое од нив да ти го направам!“ ‘ “+ 13  И Гад дојде кај Давид и му рече:+ „Сакаш ли на твојата земја да дојдат седум гладни години,+ или да бегаш пред своите противници+ и тие да те прогонуваат три месеци, или да има чума во твојата земја три дена?+ Сега добро размисли што ќе му одговорам на оној што ме испраќа“. 14  А Давид му рече на Гад: „На голема мака сум! Да паднеме во рацете на Јехова,+ зашто големо е неговото милосрдие,+ но да не им паднам в раце на луѓето!“+ 15  И Јехова пушти помор+ на Израел од утрото до одреденото време, така што умреа седумдесет илјади луѓе+ од Дан до Вирсавеја.+ 16  А кога ангелот+ ја пружи раката кон Ерусалим за да го опустоши, Јехова се сожали+ поради неволјата, па му рече на ангелот кој го убиваше народот: „Доста! Повлечи ја сега раката!“ А Јеховиниот ангел беше кај гумното на Евусеецот+ Орна.+ 17  Кога го виде ангелот што го убиваше народот, Давид му рече на Јехова: „Еве, јас згрешив и направив зло! Но што направиле овие овци?+ Те молам, твојата рака нека дојде врз мене+ и врз домот на мојот татко!“ 18  Потоа Гад уште истиот ден дојде кај Давид и му рече: „Оди и подигни му на Јехова жртвеник на гумното на Евусеецот+ Орна!“ 19  И Давид отиде според зборот на Гад, како што му заповеда Јехова.+ 20  Кога погледна и ги виде царот и неговите слуги како одат кон него, Орна веднаш дојде и му се поклони+ на царот со лицето до земја.+ 21  И Орна праша: „Зошто мојот господар, царот, дошол кај својот слуга?“ А Давид одговори: „Да го купам+ од тебе гумното и да му изградам жртвеник на Јехова, за да престане поморот+ меѓу народот“. 22  Тогаш Орна му рече на Давид: „Мојот господар, царот, нека го земе+ и нека го жртвува она што е добро во негови очи! Еве говеда за жртва паленица, а за дрва земи ги справата за вршидба, плугот и јаремот.+ 23  Сето тоа, царе, Орна ти го подарува тебе“. Орна уште му рече на царот: „Јехова, твојот Бог, нека ти биде милостив!“+ 24  Но царот му рече на Орна: „Не, туку ќе го купам од тебе за пари!+ Нема да му принесувам на Јехова, својот Бог, жртви паленици што не сум ги платил!“+ Така Давид ги купи+ гумното и говедата за педесет сикли* сребро. 25  И Давид му изгради таму жртвеник+ на Јехова и му принесе жртви паленици и жртви на заедништвото. И Јехова ги услиши сесрдните молитви+ за земјата и престана поморот во Израел.

Фусноти

Буквално: „кога тој го предизвика Давид“. Види 1Ле 21:1.
Види го додатокот 13.