2. Петрово 2:1-22

2  Но во народот имаше и лажни пророци, како што и меѓу вас ќе има лажни учители.+ Тие незабележливо ќе воведат разорни секти и ќе се одречат и од сопственикот кој ги купи,+ па ќе си навлечат брза пропаст.  И мнозина ќе се поведат+ по нивните бесрамни дела+ и, поради нив, ќе се зборува срамно за патот на вистината.+  И во своето лакомство ќе ве искористуваат со измамливи зборови.+ Но осудата која одамна им е изречена+ не доцни, и нивната пропаст не дреме.+  Навистина, Бог не ги поштеди ангелите кои згрешија,+ туку ги фрли во тартар*+ и ги предаде во мрачни јами за да бидат чувани за суд.+  И не поштеди еден древен свет,+ но го зачува Ное, проповедникот на праведноста,+ со седуммина други,+ кога донесе потоп+ на безбожниот свет.  И ги осуди градовите Содом и Гомор и ги претвори во пепел,+ давајќи им пример на безбожниците за она што треба да дојде,+  но го избави праведниот Лот,+ кој страдаше поради бесрамните дела на тие дрски беззаконици,+  зашто она што тој праведник го гледаше и го слушаше додека од ден на ден живееше меѓу нив и ги набљудуваше нивните беззакони дела, ја мачеше неговата праведна душа.  Значи, Јехова знае како да ги избави од искушение луѓето што му се оддадени,+ а неправедните да ги чува за денот на судот за да бидат казнети,+ 10  особено оние што блудствуваат со другите за да ги извалкаат+ и ги презираат оние што имаат власт над нив.+ Дрски се, самоволни, не се плашат од славните, туку зборуваат погрдно за нив,+ 11  додека ангелите, иако по силата и моќта се поголеми од нив, од почит кон Јехова+ не ги обвинуваат со погрдни зборови.+ 12  А тие луѓе се како неразумни животни кои по природа се раѓаат за да бидат фатени и убиени. Погрдно зборуваат за она што не го разбираат,+ и затоа ќе пропаднат на својот пат кој води во пропаст. 13  Така самите себеси ќе си направат зло,+ што ќе им биде плата за нивните зли дела.+ Распуштеноста среде бел ден ја сметаат за уживање.+ Тие се црни дамки и срамни петна. Со необуздано уживање им се препуштаат на своите измамливи учења додека се гоштаваат со вас.+ 14  Очите им се полни со прељуба+ и не можат да го остават гревот.+ Ги мамат непостојаните души. Срцето им е извежбано во лакомство.+ Тие се проклети деца.+ 15  Го оставија вистинскиот пат, заведени се. Тргнаа по патот на Валаам,+ синот на Веор, кој ја засака платата за неправедни дела,+ 16  но беше прекорен за своето беззаконие.+ Една нема магарица му прозборе со човечки глас+ и го спречи безумството на пророкот.+ 17  Тие се извори без вода+ и безводни облаци носени од силен ветар, и за нив се чува црната темнина.+ 18  Зашто, говорат високозвучни и празни зборови, па со желбите на телото+ и со бесрамните дела ги мамат+ оние кои штотуку им побегнале+ на оние чии дела се расипани. 19  Им ветуваат слобода,+ а самите се робови на расипаноста.+ Зашто, секој му робува на оној што ќе го совлада.+ 20  Вистина, ако, откако го запознале* Господарот* и Спасител Исус Христос и на таков начин ги избегнале валканостите на светот,+ повторно се впуштат во сето тоа и тоа ги совлада,+ тогаш ова последново им е полошо од првото.+ 21  Зашто, подобро ќе им беше да не го запознале патот на праведноста+ отколку, откако го запознале,* да се одвратат од светата заповед која им е предадена.+ 22  Им се случува она што го вели вистинитата поговорка: „Кучето+ ѝ се враќа на својата блујавица, и искапената свиња се враќа за да се валка во калта“.+

Фусноти

Види го додатокот 5.
Или: „добро го запознале“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.
Види го додатокот 11.
Или: „не го запознале толку добро... добро го запознале“ (грчки: епигино́ско).