2. Петрово 1:1-21
1 Симон Петар, роб+ и апостол+ на Исус Христос, до оние што со праведноста+ на нашиот Бог и на Спасителот Исус Христос+ ја стекнале истата драгоцена вера како и ние:+
2 Нека ви се умножат незаслужената доброта и мирот+ преку доброто познавање*+ на Бог и на Исус, нашиот Господар,*
3 бидејќи неговата божествена сила великодушно ни дала сѐ што е потребно за живот+ и оддаденост на Бог,+ поради тоа што добро го запознавме оној што нѐ повика+ со слава+ и доблест!
4 Со тоа великодушно ни ги дал скапоцените и највеличествени ветувања+ за да можете преку нив да бидете учесници во божествената+ природа,+ бидејќи побегнавте од расипаноста која, поради страста, владее во светот.+
5 Затоа, сесрдно потрудете се+ да ја дополните својата вера со доблест,+ доблеста со знаење,+
6 знаењето со самосовладување, самосовладувањето+ со истрајност, истрајноста со оддаденост на Бог,+
7 оддаденоста на Бог со братска љубов, братската љубов со љубов кон сите.+
8 Зашто, ако сето тоа го имате во себе и во него напредувате, нема да бидете без работа, ниту ќе бидете бесплодни,+ бидејќи добро сте го запознале нашиот Господар Исус Христос.
9 Зашто, ако некој го нема сето тоа, тој е слеп, ги затвора очите за да не ја види светлината+ и заборава+ дека е исчистен+ од своите стари гревови.
10 Затоа, браќа, уште повеќе дајте сѐ од себе за да ги потврдите својот позив+ и избор,+ зашто ако го правите тоа, никогаш нема да паднете.+
11 Всушност, на тој начин ќе ви биде великодушно овозможено да влезете+ во вечното царство+ на нашиот Господар и Спасител Исус Христос.+
12 Затоа секогаш ќе ве потсетувам на ова,+ иако го знаете и утврдени сте во вистината+ која ја прифативте.+
13 Но сметам дека е добро, сѐ додека сум во ова тело,*+ да ве потсетувам да останете будни,+
14 зашто знам дека наскоро ќе го напуштам своето тело,*+ како што ми навести и нашиот Господар Исус Христос.+
15 И затоа сега ќе давам сѐ од себе за да можете, по моето заминување,+ секогаш да се сеќавате на тоа.
16 Не ви ја објавивме силата и присутноста* на нашиот Господар Исус Христос+ поведувајќи се по лукаво измислени прикаски,+ туку како очевидци на неговата величественост.+
17 Зашто, тој од Бог, Таткото, ги прими честа и славата,+ кога од величествената слава допреа до него зборовите: „Ова е мојот син, саканиот, кој е по мојата волја“.+
18 Да, ги чувме овие зборови,+ кои дојдоа од небото додека бевме со него на светата гора.+
19 Така, пророчката реч+ што ја имаме е уште посигурна,+ и добро правите што внимавате на неа како на светилка+ која свети на темно место, во вашите срца, додека не самне денот и не се појави ѕвезда деница.+
20 А најнапред знајте го ова: ниту едно пророштво од Писмото не произлегува од нечие лично размислување.+
21 Зашто, пророштво никогаш не било изречено по човечка волја,+ туку луѓето ги кажуваа зборовите што доаѓаа од Бог+ така како што ги водеше светиот дух.+
Фусноти
^ Во врска со изразите „доброто познавање“, „добро го запознавме“ и „добро сте го запознале“ (грчки: епи́гноси) во стиховите 2, 3 и 8, види ја фуснотата за Ри 1:28.
^ Види го додатокот 11.
^ Буквално: „шатор“.
^ Буквално: „шатор“.
^ Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.