2. Мојсеева 40:1-38

40  Јехова му рече на Мојсеј:  „Во првиот месец,+ на првиот ден од тој месец, подигни го шаторот, шаторот на средбата.+  Во него смести го ковчегот на сведоштвото+ и со завесата+ препречи го пристапот до ковчегот.  Потоа внеси ја масата,+ на неа нареди го она што оди со неа, внеси го и светилникот+ и запали ги светилките на него.+  Стави го златниот жртвеник за кадење+ пред ковчегот на сведоштвото и закачи ја завесата на влезот во шаторот.+  Стави го жртвеникот+ за жртви паленици пред влезот во шаторот, шаторот на средбата,  а меѓу шаторот на средбата и жртвеникот постави мијалник и налеј вода во него.+  Наоколу направи двор+ и закачи ја завесата+ на влезот во дворот.  Потоа земи масло за помазание+ и помажи го шаторот со сѐ што е во него,+ посвети го него со сиот негов прибор за да бидат свети. 10  Потоа помажи го жртвеникот за жртви паленици со сиот негов прибор и посвети го жртвеникот+ за да биде жртвеникот нешто најсвето.+ 11  Помажи го мијалникот со неговото подножје и посвети го. 12  Потоа доведи ги Арон и неговите синови на влезот од шаторот на средбата и измиј ги со вода.+ 13  Облечи му ја на Арон светата одежда,+ помажи го+ и посвети го за да ми служи како свештеник. 14  Потоа доведи ги неговите синови и облечи им долги кошули.+ 15  Помажи ги, како што го помаза и нивниот татко,+ за да ми служат како свештеници. Нивното помазание нека служи за трајна свештеничка служба за навек во нивните идни поколенија“.+ 16  Мојсеј направи сѐ како што му беше заповедал Јехова.+ Токму така направи. 17  Така во првиот месец од втората година, на првиот ден од тој месец, беше подигнат светиот шатор.+ 18  Кога Мојсеј го подигаше шаторот, ги размести неговите подножја,+ ги постави ѕидните рамки,+ ги провлече напречниците+ и ги подигна столбовите.+ 19  Потоа го распна долниот покров+ врз шаторот, а над него го стави горниот покров,+ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 20  Тогаш го зеде Сведоштвото+ и го стави во ковчегот,+ ги постави лостовите+ на ковчегот и го стави поклопецот+ одозгора на ковчегот.+ 21  Па го внесе ковчегот во шаторот, ја закачи преградната завеса+ и го попречи пристапот до ковчегот на сведоштвото,+ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 22  Потоа ја постави масата+ во шаторот на средбата, на северната страна од шаторот, надвор од завесата, 23  и на неа го нареди лебот+ пред Јехова, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 24  Потоа го стави светилникот+ во шаторот на средбата спроти масата, на јужната страна од шаторот. 25  Ги запали светилките+ пред Јехова, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 26  Потоа го постави златниот жртвеник+ во шаторот на средбата, пред завесата, 27  за да го пали на него мирисливиот темјан,+ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 28  На крајот ја закачи завесата+ на влезот во шаторот. 29  Пред влезот во шаторот, шаторот на средбата, го постави жртвеникот+ за жртвите паленици за да ги принесува на него жртвите паленици+ и житните жртви, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 30  Потоа го постави мијалникот меѓу шаторот на средбата и жртвеникот и во него налеа вода за миење.+ 31  Мојсеј, Арон и неговите синови си ги миеја од него рацете и нозете. 32  Се миеја+ кога влегуваа во шаторот на средбата и кога приоѓаа до жртвеникот, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 33  На крајот го направи дворот+ околу шаторот и жртвеникот и ја закачи завесата на влезот во дворот.+ Така Мојсеј ја заврши таа работа. 34  Тогаш облакот+ го покри шаторот на средбата, и Јеховината слава го исполни шаторот. 35  И Мојсеј не можеше да влезе во шаторот на средбата, бидејќи облакот+ стоеше над шаторот и Јеховината слава го исполни.+ 36  За сето време додека патуваа, штом ќе се кренеше облакот од шаторот, синовите на Израел ќе тргнеа на пат.+ 37  Но, ако не се кренеше облакот, не тргнуваа ни тие сѐ до денот кога ќе се кренеше.+ 38  Зашто, за сето време додека патуваа, Јеховиниот облак беше над шаторот дење, а ноќе над него имаше оган пред очите на целиот Израелов дом.+

Фусноти