2. Летописи 36:1-23

36  Потоа народот* го зеде Јоахаз,+ синот на Јосија, па го постави за цар во Ерусалим наместо неговиот татко.+  Јоахаз имаше дваесет и три години кога почна да владее, и владееше три месеци во Ерусалим.+  Но египетскиот цар го собори во Ерусалим+ и на земјата ѝ наметна данок од сто таланти* сребро+ и еден талант злато.  Потоа египетскиот цар+ го постави Елијаким,+ неговиот брат, за цар на Јуда и на Ерусалим и му го промени името во Јоаким. А Јоахаз, неговиот брат, Нехо+ го одведе во Египет.+  Јоаким+ имаше дваесет и пет години кога почна да владее, и владееше единаесет години во Ерусалим.+ Го правеше она што е зло во очите на Јехова, неговиот Бог.+  Против него дојде Навуходоносор,+ вавилонскиот цар, го стави во двојни бакарни окови и го одведе во Вавилон.+  Навуходоносор+ однесе во Вавилон дел од приборот+ од Јеховиниот дом и го стави во својата палата во Вавилон.+  Останатата историја+ на Јоаким, гадостите+ што ги правеше и сето зло што се најде кај него, сѐ е запишано во Книгата+ за царевите на Израел и на Јуда. На негово место почна да владее неговиот син Јоахин.+  Јоахин+ имаше осумнаесет години кога почна да владее и владееше три месеци+ и десет дена во Ерусалим. Го правеше она што е зло во Јеховини очи.+ 10  Во почетокот на следната година,+ цар Навуходоносор ги испрати своите слуги+ за да го доведат во Вавилон+ со скапоценостите од Јеховиниот дом.+ И го постави Седекија,+ неговиот стрико, за цар на Јуда и на Ерусалим.+ 11  Седекија+ имаше дваесет и една година кога почна да владее, и владееше единаесет години во Ерусалим.+ 12  Тој го правеше она што е зло+ во очите на Јехова, неговиот Бог. Не се понизи+ пред пророкот+ Еремија,+ кој му зборуваше по заповед од Јехова. 13  Уште и се побуни+ против цар Навуходоносор, кој го беше заколнал во Бог.+ Остана непокорен*+ и срцето му отврдна,+ па не се врати кај Јехова, Богот на Израел. 14  Дури и сите свештенички поглавари+ и народот постапуваа многу неверно, според одвратните обичаи+ на другите народи, така што го осквернија домот на Јехова, кој тој го беше посветил во Ерусалим.+ 15  Јехова, Богот на нивните прататковци, непрестајно ги опоменуваше преку своите гласници,+ зашто му беше жал за својот народ+ и за своето живеалиште.+ 16  Но тие постојано им се подбиваа+ на гласниците на вистинскиот Бог, Јехова, ги презираа неговите зборови+ и ги исмејуваа+ неговите пророци, сѐ додека неговиот гнев+ не дојде врз неговиот народ, та веќе немаше лек.+ 17  И го доведе против нив халдејскиот+ цар, кој ги погуби со меч+ нивните младичи во нивното светилиште+ и не се смилува ни на младич ни на девојка, ни на старец ни на немоќен.+ Сѐ му предаде в раце. 18  Целиот прибор,+ голем+ и мал, од домот на вистинскиот Бог, богатството+ од Јеховиниот дом и богатството на царот+ и богатството на неговите кнезови, сѐ однесе во Вавилон. 19  И го запали домот на вистинскиот Бог+ и ги урна ѕидиштата+ на Ерусалим. Сите утврдени дворци ги изгоре во оган, а и сите скапоцености во нив,+ и така уништи сѐ.+ 20  Оние што му избегаа на мечот, ги одведе во заробеништво во Вавилон.+ И им беа слуги нему+ и на неговите синови додека не завладеа персиското царство,+ 21  за да се исполни речта која Јехова ја објави преку устата на Еремија,+ додека земјата не ги надомести своите одмори.*+ Земјата одмораше во сите денови додека беше пуста, додека не се навршија седумдесет години.+ 22  Во првата година на Кир,+ персискиот цар,+ за да се исполни Јеховината реч+ објавена преку устата на Еремија,+ Јехова го поттикна срцето*+ на персискиот цар Кир, па тој нареди да се објави и усно и писмено, по целото негово царство, следново:+ 23  „Вака вели Кир, персискиот цар:+ ‚Јехова, небесниот Бог, ми ги даде сите царства на земјата+ и ми даде налог да му изградам дом во Ерусалим, кој е во Јуда.+ Кој е меѓу вас од сиот негов народ,+ Јехова, неговиот Бог, нека биде со него,+ па нека оди!‘ “+

Фусноти

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
Види го додатокот 13.
Или: „тврдоврат“. Буквално: „Ја стврднуваше шијата (вратот)“.
Буквално: „сабати“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Буквално: „духот“.