2. Летописи 31:1-21
31 Кога заврши сето тоа, сите Израелци+ што беа таму се разотидоа по градовите на Јуда+ и почнаа да ги кршат обредните столбови,+ да ги сечат обредните диреци*+ и да ги рушат обредните височинки+ и жртвениците+ по целата земја на Јуда,+ на Венијамин, на Ефрем+ и на Манасија,+ додека не уништија сѐ. Тогаш сите синови на Израел се вратија во своите градови, секој на својот посед.
2 Потоа Езекија ги подели+ свештениците и левитите+ во групи, секоја група според службата што ја извршуваа свештениците+ и левитите+ — да принесуваат жртви паленици+ и жртви на заедништвото,+ да служат+ и да упатуваат благодарници+ и фалби+ на портите од Јеховиниот храм.
3 Царот приложи дел од своето богатство+ за жртви паленици,+ за паленици што се принесуваат наутро+ и навечер и за паленици што се принесуваат на денови за одмор,*+ на млади месечини+ и на празници,+ како што е запишано во Јеховиниот закон.+
4 Потоа му рече на народот, на жителите на Ерусалим, да им го дадат на свештениците+ и на левитите+ делот што им припаѓа, за да можат тие да се држат цврсто+ за Јеховиниот закон.+
5 Кога се разгласи таа заповед, синовите на Израел+ почнаа да донесуваат големи количества првини од житото,+ од младото вино,+ од маслото,+ од медот+ и од сиот род од полето.+ Во изобилство донесуваа десеттина од сѐ.+
6 Синовите на Израел и на Јуда, кои живееја во градовите на Јуда,+ донесуваа десеттина од говедата и од овците и десеттина од светите работи+ посветени за Јехова, нивниот Бог. Сето тоа го донесуваа и го ставаа на купови.
7 Во третиот+ месец почнаа да прават купови, а во седмиот+ месец завршија.
8 Кога дојдоа и ги видоа куповите, Езекија и кнезовите+ почнаа да го благословуваат Јехова+ и неговиот народ Израел.+
9 Потоа Езекија се распраша кај свештениците и кај левитите за купиштата.+
10 А Азарија,+ главниот свештеник од домот на Садок,+ му рече: „Откако почнаа да донесуваат прилози+ во Јеховиниот дом, народот јадеше и се насити,+ а има и многу вишок.+ Зашто, Јехова го благослови својот народ+ и затоа остана толку многу“.
11 Тогаш Езекија заповеда да се подготват трпезариите+ во Јеховиниот дом, и тие ги подготвија.
12 И верно+ ги внесуваа прилозите,+ десеттините+ и светите работи. Левитот Хонанија го надгледуваше сето тоа, а Симеј, неговиот брат, беше веднаш до него.
13 Јеил, Азазиј, Нахат, Асаил, Еримот, Јозавад, Елиел, Исмахија, Махат и Венај беа довереници на Хонанија и на неговиот брат Симеј, по наредба на цар Езекија, а Азарија+ беше настојник на домот на вистинскиот Бог.
14 Коре, синот на левитот Имна, вратар+ на источната страна,+ беше одговорен за она што доброволно+ му се принесуваше на вистинскиот Бог, да ги дели Јеховините прилози+ и најсветите работи.+
15 Под негов надзор беа Еден, Минијамин, Исус, Семаја, Амарија и Сеханија во свештеничките градови,+ кои имаа одговорна задача+ да им го делат на своите браќа по групите+ она што им припаѓаше, како на големите така и на малите.+
16 Во тоа не беа вклучени машките од три години нагоре+ што беа запишани во родословниот запис,+ а кои секој ден доаѓаа во Јеховиниот дом според својата должност за да вршат служба според своите групи.
17 Во родословниот запис беа запишани свештениците според домовите на своите татковци.+ Беа запишани и левитите,+ од дваесет години нагоре,+ според нивните должности и според нивните групи,+
18 заедно со нивните мали деца, со нивните жени, со нивните синови и со нивните ќерки, со целата нивна заедница, зашто извршуваа одговорна служба+ и ѝ се посветија+ на својата света служба.
19 Беа запишани и синовите на Арон,+ свештениците, кои живееја околу своите градови, во полињата каде што имаше пасишта.+ Во секој поединечен град беа по име одредени луѓе за да му го даваат делот што му припаѓа на секој маж што беше свештеник, а исто и на сите левити запишани во родословниот запис.
20 Езекија го правеше тоа по целата земја на Јуда, го правеше она што е добро,+ исправно+ и верно+ пред Јехова, својот Бог.
21 Сето она што го правеше за да го бара својот Бог+ — во службата+ во домот на вистинскиот Бог, во законот+ и во заповедите — го правеше со сето срце,+ и во сѐ беше успешен.+