1. Солуњаните 4:1-18
4 На крајот, браќа, ве поучивме како треба да живеете* и да му угодувате на Бог+ — а вие така и живеете — па ве молиме и ве поттикнуваме во Господарот* Исус уште повеќе да напредувате во тоа.+
2 Зашто, знаете какви заповеди+ ви дадовме во името на Господарот Исус.
3 Зашто, Божја волја е да бидете свети+ — да се воздржувате од блуд,+
4 секој од вас да знае како да завладее со своето тело*+ во светост+ и чест,
5 а не во незауздана сексуална страст+ својствена на народите+ што не го познаваат Бог,+
6 и никој да не му прави ништо лошо на својот брат и да не се меша во неговите права,+ зашто Јехова казнува за сето тоа,+ како што веќе ви кажавме и темелно ви посведочивме.+
7 Зашто, Бог не нѐ повика за да живееме нечисто, туку да бидеме свети.+
8 Според тоа, оној што го отфрла тоа,+ не отфрла човек, туку Бог,+ кој ви го дава својот свет дух.+
9 А за братската љубов+ не треба да ви пишуваме, зашто и самите сте поучени од Бог+ да се сакате еден со друг,+
10 а вие навистина ги сакате сите браќа во цела Македонија. Но ве поттикнуваме, браќа, тоа да го правите уште повеќе
11 и да се трудите мирно да живеете,+ да си ја гледате својата работа+ и да работите со своите раце,+ како што ви заповедавме,
12 за да се однесувате достојно*+ пред оние што се надвор од собранието+ и од никого ништо да не ви треба.+
13 И не сакаме, браќа, да бидете во незнаење во врска со оние што се умрени,*+ за да не тагувате како другите, кои немаат надеж.+
14 Зашто, ако веруваме дека Исус умрел и воскреснал,+ тогаш Бог и оние што умреле во единство со Исус ќе ги доведе со него.+
15 Зашто, ова ви го зборуваме преку Јеховината реч:+ ние живите, кои преостануваме до времето на присутноста* на Господарот,+ нема да ги престигнеме оние што се умрени,
16 зашто, самиот Господар ќе слезе од небото+ со заповеднички повик, со глас на архангел+ и со Божја труба,+ и најпрво ќе станат оние што се мртви во единство со Христос.+
17 Потоа ние живите, кои ќе преостанеме, заедно со нив+ ќе бидеме однесени+ во облаците+ за да се сретнеме+ со Господарот во воздухот. И така ќе бидеме секогаш со Господарот.+
18 Затоа, тешете се еден со друг со овие зборови.
Фусноти
^ Буквално: „одите“.
^ Види го додатокот 11.
^ Буквално: „со својот сад“.
^ Буквално: „за да одите достојно“.
^ Глаголот „умре“ во стиховите 13-15 буквално гласи: „заспие“.
^ Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.