Псалми 88:1-18

Песна, псалм од синовите на Кореј. На управителот, за махалат,* за одговарање. Маскил* од Еман+ Езраховецот. 88  О Јехова, Боже на моето спасение,+дење викам,+а и ноќе викам за помош пред тебе.+   Пред тебе ќе дојде мојата молитва.+Приклони го увото кон моето молење!+   Зашто, мојата душа е сита од неволји+и мојот живот допре до гробот.*+   Ме вбројуваат меѓу оние што заминуваат во јамата.+Станав како човек што останал без сила,+   ослободен како мртвите,+сличен на убиените што лежат во гробот,+на кои повеќе не се сеќаваши кои се отсечени од твојата рака која помага.+   Ме стави во најдлабоката јама,на места мрачни, во бездна голема.+   Врз мене го излеваш својот гнев+и со сите свои бранови бесни ми нанесуваш неволја.+ (Села)   Ги оддалечи моите познајници од мене,+ме направи одвратен за нив.+Затворен сум и не можам да излезам.+   Окото ми гасне од мојата неволја.+О Јехова, те повикувам по цел ден,+кон тебе ги ширам рацете во молитва.+ 10  Зар за мртвите ќе правиш чуда?+Зар беспомошните мртовци ќе станат,+зар тие ќе те фалат?+ (Села) 11  Зар во гробот ќе се зборува за твојата милост,*и во местото на распаѓањето — за твојата верност?+ 12  Зар во темнината+ ќе се објавуваат твоите чуда,и во земјата на заборавот+ — твојата праведност? 13  Сепак јас викам кон тебе за помош, Јехова,+мојата молитва доаѓа наутро пред тебе.+ 14  О Јехова, зошто ја отфрлаш мојата душа?+Зошто го криеш лицето од мене?+ 15  Во неволја сум и смртта ми се заканува уште од дете,+многу стравотии поднесувам од тебе.+ 16  Пламењата на твојот разгорен гнев поминуваат преку мене,+твоите стравотии ме столчија.*+ 17  По цел ден ме опкружуваат како води,+и сите ме напаѓаат одеднаш. 18  Ги оддалечи од мене пријателот и другарот,+мрачните места ми станаа познајници.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 53, наслов.
Види ја фуснотата за Пс 32, наслов.
Буквално: „шеолот“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „ме замолчија“.