Псалми 56:1-13

На управителот, за „Немата гулабица“ меѓу оние што се далеку. Давидов псалм. Миктам.* Кога Филистејците го фатија Давид во Гат.+ 56  Смилувај ми се, Боже, зашто смртен човек сака да ме зграпчи со забите.+Војувајќи против мене по цел ден, ме угнетува.+   Моите непријатели по цел ден гледаат да ме зграпчат со забите,+зашто, мнозина вообразено војуваат со мене.+   Во денот кога ќе се исплашам, во тебе ќе имам доверба.+   Се потпирам на Бог и ќе ја фалам неговата реч.+На Бог се надевам, нема да се плашам.+Што може да ми направи смртен човек?+   По цел ден работат против менеи само зло ми мислат.+   Напаѓаат, се кријат,+и ми ги следат чекорите+додека ја демнат мојата душа.+   Поради нивната злоба, отфрли ги!+Собори ги во гнев народите, Боже!+   Ти го забележа моето прогонство.+Стави ги моите солзи во својата мешина.+Не се ли тие во твојата книга?+   Тогаш ќе се повлечат моите непријатели, во денот кога ќе те повикам.+Добро знам дека Бог е со мене.+ 10  Во единство со Бог+ ќе ја фалам неговата реч,во единство со Јехова ќе ја фалам неговата реч.+ 11  На Бог се надевам. Нема да се плашам.+Што може да ми направи земниот човек?+ 12  Ме врзуваат заветите што ти ги дадов, Боже.+Ќе ти принесам благодарности.+ 13  Зашто, ти ја избави мојата душа од смрт,+моите нозе од спрепнување,+за да ти служам тебе, Боже,* во светлината на живите.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 16, наслов.
Буквално: „за да одам пред Бог“.