Псалми 52:1-9
На управителот. Маскил.* Давидов псалм, кога дојде Доик Едомецот и му јави на Саул дека Давид дошол во куќата на Ахимелех.+
52 Зошто се фалиш со зло, силнику?+Божјата милост* трае по цел ден.+
2 Твојот јазик смислува неволји, како брич е наострен+и измамува.+
3 Повеќе го сакаш злото отколку доброто,+повеќе лагата отколку праведниот збор.+ (Села)
4 Ги сакаш сите погубни зборови,+јазику измамнички!+
5 Бог ќе те урне засекогаш,+ќе те собори и ќе те исфрли од твојот шатор,+ќе те искорени од земјата на живите.+ (Села)
6 Праведниците ќе го гледаат тоа и ќе се плашат,+и ќе му се смеат на таквиот.+
7 Таквиот човек не го смета Бог за своја тврдина,+туку ја полага довербата во своето големо богатство,+наоѓа засолниште во злото што го прави.+
8 А јас ќе бидам како маслинка што се зеленее+ во Божјиот дом.За навек, за сета вечност ја полагам довербата во Божјата милост.*+
9 Ќе те фалам довека, поради делата што ги направи,+и ќе се надевам на твоето име пред оние што ти се лојални, зашто тоа е добро.+
Фусноти
^ Или: „лојална љубов“.