Псалми 42:1-11

На управителот. Маскил* за синовите на Кореј.+ 42  Како што срната копнее по потоци со вода,така мојата душа копнее по тебе, о Боже.+   Мојата душа жеднее за Бог,+ за живиот Бог.+Кога ќе дојдам и ќе се појавам пред Бог?+   Солзите мои ми станаа леб дење и ноќе,+додека тие по цел ден ми велат: „Каде е твојот Бог?“+   Душата во мене гине+ кога ќе се сетам како одев со мноштвотои чекорев полека пред него во Божјиот дом,+со извици на радост и благодарење,+со извици на мноштво што празнува.+   Зошто си очајна, душо моја,+зошто си немирна во мене?+Чекај го Бог,+зашто јас и понатаму ќе го фалам како свој голем спасител.+   Боже мој, мојата душа е очајна во мене.+Затоа се сеќавам на тебе,+од јорданската земја и од врвовите на Хермон,+од малата планина.+   Водна бездна на водна бездна ѝ довикувасо шумот на твоите водопади.Сите разбеснети води и твоите бранови+поминаа преку мене.+   Дење Јехова ќе ја испраќа својата милост,*+а јас ќе пеам за него ноќе+и ќе му се молам на Бог, кој ми дава живот.+   Ќе му речам на Бог, карпата моја:+„Зошто ме заборави?+Зошто одам натажен додека непријателот ме угнетува?“+ 10  Коските ми се кршат од подбивите на противниците,+кои по цел ден ми велат: „Каде е твојот Бог?“+ 11  Зошто си очајна, душо моја,+зошто си немирна во мене?+Чекај го Бог,+зашто јас и понатаму ќе го фалам како свој голем спасител и како свој Бог!+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 32, наслов.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.