Псалми 35:1-28
Давидов псалм.
35 Јехова, води ја мојата парница против моите противници,+војувај против оние што војуваат против мене.+
2 Земи ги малиот и големиот штит+и стани за да ми помогнеш!+
3 Извлечи ги копјето и секирата со две сечила и дочекај ги моите прогонители.+Речи ѝ на мојата душа: „Јас сум твоето спасение“.+
4 Нека бидат посрамени и понижени оние што ја гонат мојата душа.+Нека отстапат и нека се посрамат оние што ми смислуваат зло.+
5 Нека бидат како плева на ветар,+и ангел Јеховин нека ги растерува.+
6 Нивниот пат нека биде темен и лизгав,+и ангел Јеховин нека ги гони.
7 Зашто, без причина и потајно ми наместија јама со мрежа,+без причина ја ископаа за мојата душа.+
8 Нека дојде врз него пропаста на која не се надева+и нека се улови во мрежата што самиот ја постави,+пропаст нека го снајде кога ќе падне во неа.+
9 А мојата душа нека му се радува на Јехова,+нека се весели поради спасението од него.+
10 Сите мои коски нека речат:+„Јехова, кој е како тебе?+Го избавуваш страдалникот од оној што е појак од него,+страдалникот и сиромавиот од оној што ги ограбува“.+
11 Се креваат насилни сведоци,+ме прашуваат за она што не го знам.+
12 Ми враќаат зло за добро,+болна загуба ѝ нанесуваат на мојата душа.+
13 А кога тие се разболеа, јас носев козина,+со пост ја жалостев својата душа+и на градите ми се враќаше молитвата.+
14 Загрижен за пријателот, за братот свој,+одев наоколу како оној што тагува по мајка.+Се згрбавив од жалост.
15 А кога направив погрешен чекор, тие се радуваа и се собираа,+се собираа против мене,+и ме удираа кога не се надевав,+ме распарчуваа и не молчеа.+
16 Отпадниците, кои се исмејуваат за да добијат леб,+чкртаат со забите против мене.+
17 О Јехова, до кога ќе го гледаш тоа?+Избави ја мојата душа од нивните жестоки напади,+мојата душа+ од младите лавови.
18 Ќе те фалам среде големото насобрано мноштво,+тебе ќе те фалам меѓу многуброен народ.+
19 Нека не се радуваат над мене оние што ми се непријатели без причина,+нека не намигнуваат пакосно оние што без причина ме мразат.+
20 Зашто, тие не зборуваат за мир,+туку смислуваат+ измамипротив мирните луѓе на земјата.
21 Ја отвораат ширум устата против мене+и велат: „Аха, аха, со свои очи ја видовме твојата пропаст!“+
22 Ти гледаш, Јехова.+ Немој да молчиш!+О Јехова, не биди далеку од мене!+
23 Стани, разбуди се за мојот суд,+Боже мој, Јехова, разбуди се за мојата парница!+
24 Суди ми според својата праведност, Јехова, Боже мој,+и нека не се радуваат над мене.+
25 Нека не си велат во срцето: „Тоа го сакаше нашата душа!“+Нека не велат: „Го проголтавме!“+
26 Нека се посрамат и засрамат сите+што се радуваат на мојата неволја.+Нека се облечат во срам+ и понижување оние што вообразено се креваат против мене.+
27 Нека воскликнуваат радосно и нека се веселат оние што се радуваат на мојата праведност+и секогаш нека велат:+„Да се велича Јехова, кој се радува на мирот на својот слуга“.+
28 И мојот јазик нека зборува тивко за твојата праведност,+по цел ден — за твојата фалба.+