Псалми 33:1-22

33  Извикувајте радосно, праведници, поради Јехова!+На справедливите им прилега да упатуваат фалби.+   Благодарете му на Јехова со харфа,+свирете му на инструмент со десет жици!+   Пејте му нова песна!+Свирете на жиците најдобро што можете, радосно воскликнувајте!+   Зашто, речта на Јехова е исправна+и тој е верен во сите свои дела.+   Ги сака праведноста и правдата.+Земјата+ е полна со Јеховината милост.*   Со Јеховината реч се создадени небесата+и со здивот* на неговата уста целата нивна војска.+   Со брана ги собира морските води,+разбрануваните води ги става во складишта.   Нека се бојат од Јехова сите на земјата.+Нека имаат страв+ од него сите што живеат на земјата!*   Тој рече, и настана,+тој заповеда, и се појави.+ 10  Јехова им ги расипува намерите на народите,+ги осуетува помислите на народите.+ 11  Намерата на Јехова останува довека,+помислите на неговото срце од поколение во поколение.+ 12  Среќен е народот кому Јехова му е Бог,+народот што тој си го избра за наследство.+ 13  Јехова гледа од небесата,+ги гледа сите синови човечки.+ 14  Од местото на кое живее+ги набљудува сите што живеат на земјата. 15  Тој им го обликува срцето на сите нив,+внимава на сите нивни дела.+ 16  Царот не го спасува големата војска,+јунакот не го избавува големата сила.+ 17  Измамлива е надежта дека коњот ќе донесе спасение,+со својата голема сила тој не може да избави.+ 18  Ете, Јеховиното око е насочено кон оние што се бојат од него,+кон оние што ја чекаат неговата милост,*+ 19  да ја избави нивната душа од смртта+и да им го зачува животот во време на глад.+ 20  Нашата душа го чека Јехова.+Тој е нашиот помошник и штит.+ 21  Поради него ни се радува срцето,+зашто во неговото свето име ја полагаме довербата.+ 22  Твојата милост,* о Јехова, нека биде над нас,+зашто тебе те чекаме.+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „духот“.
Буквално: „плодното тло“.
Или: „лојална љубов“.
Или: „лојална љубов“.