Псалми 23:1-6
Давидова песна.
23 Јехова е мојот Пастир.+Ништо нема да ми недостасува.+
2 На зелени пасишта ми дава да се одморам,+ме води на почивалишта обилни со вода.+
3 Ми ја крепи душата,+ме води по праведни патеки заради името свое.+
4 Дури и да тргнам низ долината на густата темнина,+нема да се плашам од зло,+зашто ти си со мене,+твојот стап и твојот жезол ме тешат.+
5 Ми приготвуваш трпеза пред оние што ми се противат.+Со масло ми ја намачка главата.+Мојата чаша се прелева.+
6 Добротата и милоста* ќе ме следат во сите денови на мојот живот,+и ќе живеам многу денови во Јеховиниот дом.+