Псалми 12:1-8

На управителот, на пониската октава.+ Давидова песна. 12  Спаси ме,+ Јехова, зашто лојални луѓе повеќе нема,+меѓу синовите човечки ги снема оние што се верни.   Еден на друг си кажуваат невистини,+зборуваат со ласкави усни+ и со дволично* срце.+   Јехова ќе ги истреби сите ласкави усни,јазикот што зборува вообразено,+   оние што велат: „Со својот јазик ќе се возвишиме.+Со своите усни зборуваме што сакаме. Кој ќе господари над нас?“   „Злите ги ограбуваат страдалниците, воздивнуваат сиромасите+затоа сега ќе станам“, вели Јехова.+„Ќе ги избавам од оние што ги презираат.“+   Зборовите на Јехова се чисти зборови,+како сребро пречистено во топилничка печка во земја, седумпати очистено.   Ти, Јехова, ќе ги чуваш,+секого од нив довека ќе го заштитуваш од ова поколение.   Злите се на сите страни,зашто злобата се велича меѓу синовите човечки.+

Фусноти

Или: „двојно“. Буквално: „со срце и со срце“.