Псалми 11:1-7
На управителот. Давидов псалм.
11 Јехова е моето засолниште.+Како смеете да ѝ речете на мојата душа:„Одлетајте како птица во својата планина!+
2 Зашто, гледај, злите го затегнуваат лакот,+ги запнуваат своите стрели на тетиватаза да ги погодат од мракот оние што имаат справедливи срца.+
3 Кога се рушат темелите на правдата,+што да прави праведникот?“
4 Јехова е во својот свет храм.+Јехова — на небото е престолот негов.+Неговите очи набљудуваат, неговиот поглед ги испитува синовите човечки.+
5 Јехова го испитува и праведниот и злиот,+а душата Негова многу го мрази оној што го сака насилството.+
6 Ќе им пушти на злите дожд од замки, од оган и сулфур,+и жежок ветар, како чаша што ќе мораат да ја испијат.+
7 Зашто, Јехова е праведен,+ тој ги сака праведните дела.+Справедливите ќе го гледаат неговото лице.+