Псалми 105:1-45

105  Благодарете му на Јехова, повикувајте го неговото име,+објавувајте ги меѓу народите неговите дела!+   Пејте му, фалете го со песна,+размислувајте за сите негови чудесни дела!+   Гордејте се со неговото свето име!+Нека се радува срцето на оние што го бараат Јехова!+   Барајте го Јехова и неговата сила!+Постојано барајте го неговото лице!+   Сеќавајте се на чудесните дела што ги направи,+на неговите чуда и на законите од неговата уста,+   вие, потомство на Авраам, неговиот слуга,+синови на Јаков, негови избраници!+   Тој е Јехова, нашиот Бог.+Неговите закони се по целата земја.+   Тој довека ќе се сеќава на својот сојуз,+низ илјада поколенија — на речта што ја заповеда,+   на сојузот што го склучи со Авраам+и на заклетвата што му ја даде на Исак,+ 10  која му ја постави како уредба на Јаков,како траен сојуз на Израел,+ 11  велејќи: „Тебе ќе ти ја дадам ханаанската земја,+како дел од вашето наследство“.+ 12  Тоа беше кога сѐ уште беа малобројни,+кога беа многу малку и кога во неа беа дојденци.+ 13  И одеа од народ до народ,+од едно царство кај друг народ.+ 14  На ниту еден човек не му дозволи да ги измами,+туку поради нив укоруваше цареви,+ 15  велејќи: „Не допирајте ги моите помазаници,+не правете им зло на моите пророци!“+ 16  Повика глад на земјата;+ги уништи сите резерви од леб.*+ 17  Пред нив испрати човек,кој беше продаден во ропство, Јосиф.+ 18  Со пранги му ги стегнаа нозете,+во железни синџири се најде душата негова.+ 19  До времето кога се исполни изговорената реч,+Јеховината реч го пречисти.+ 20  Царот тогаш прати по него да го ослободат,+владетелот на народите — за да го пуштат. 21  Го постави за господар на својот дом+и за владетел над целиот свој имот,+ 22  за да ги врзе неговите кнезови по волјата на својата душа+и да ги учи на мудрост дури и неговите старци.+ 23  И Израел дојде во Египет,+Јаков се насели во земјата на Хам.+ 24  А Бог го направи својот народ многу плоден,+сѐ додека не го направи помоќен од неговите непријатели.+ 25  Го сврти нивното срце за да го замразат неговиот народ,+за лукаво да се нафрлат на неговите слуги.+ 26  Ги испрати Мојсеј, својот слуга,+и Арон, кого го избра.+ 27  Тие им ги покажаа неговите знаци,+и чудата во земјата на Хам.+ 28  Ја испрати темнината и падна мрак.+И тие не се побунија против неговите зборови.+ 29  Нивните води ги претвори во крв+и ги помори рибите во нив.+ 30  Нивната земја вриеше од жаби,+како и одаите на нивните цареви. 31  Рече да дојдат коњски муви,+комарци во сите нивни краишта.+ 32  Нивните дождови ги претвори во град,+во огнен пламен по нивната земја.+ 33  И ги удри нивните лози и смоквии ги скрши дрвјата во нивните краишта.+ 34  Рече да дојдат скакулци,+млади скакулци, безбројни.+ 35  И ги изедоа сите растенија во нивната земја,+ги изедоа и плодовите во нивното поле. 36  Потоа тој уби сѐ што беше првородено во нивната земја,+сите нивни првородени.+ 37  Го изведе својот народ со сребро и со злато.+Во неговите племиња никој не се сопнуваше по патот. 38  Египет се израдува на нивното заминување,зашто го обзеде страв од нив.+ 39  А Бог го распростре облакот како завеса+и даде оган за да свети ноќе.+ 40  Замолија, и им донесе потполошки,+и со леб од небото ги наситуваше.+ 41  Отвори карпа, и бликнаа води,+потекоа низ безводните краишта како река.+ 42  Зашто, се сети на светиот збор што му го даде на Авраам, својот слуга.+ 43  И го изведе својот народ со веселба,+своите избраници со радосно воскликнување.+ 44  И им ја даде земјата на другите народи,+ги земаа плодовите од трудот на другите народи,+ 45  за да се придржуваат кон неговите уредби+и да ги држат неговите закони.+Фалете го Јах!+

Фусноти

Или: „стапови на кои висат прстенести лебови“. Буквално: „лебни стапови“.