Плач Еремиин 1:1-22

א [алеф]* 1  О, како седи осамен+ градот кој некогаш беше полн со луѓе!+Стана како вдовица,+ а некогаш беше голем меѓу народите!+Некогаш беше кнегиња меѓу покраините, а сега оди на ропска работа!+ ב [бет]   Горко плаче во ноќта,+ и солзи му се леат по образите.+Од сите негови љубовници+ нема кој да го утеши.Сите пријатели го предадоа,+ му станаа непријатели.+ ג [гимел]   Јуда е иселен поради неволјата+ и тешкото робување.+Сега мора да живее меѓу народите.+ Место за починка не наоѓа.Сите негови прогонители го фаќаат во мака.+ ד [далет]   Сионските патишта тагуваат, зашто никој не доаѓа на празникот.+Сите негови порти се пусти,+ свештениците негови воздивнуваат.+Девојките негови се разжалостени, а тој е полн со горчина.+ ה [хеј]   Противниците негови станаа поглавари,+ неговите непријатели се безгрижни.+Поради мноштвото негови престапи, Јехова го зави во тага,+а децата му заминаа во ропство пред противникот.+ ו [вав]   Од ќерката на Сион си отиде сета нејзина убавина.+Кнезовите нејзини станаа како елени што не наоѓаат пасиште,+и немоќно одат пред оној што ги гони.+ ז [заин]   Во деновите на својата неволја и на бездомништвото на својот народ, Ерусалим се сетина сите драгоцености што ги имаше од минатите денови.+Кога неговиот народ падна во рацете на непријателот и кога немаше помошник,+непријателите го видоа. Се смееја на пропаста негова.+ ח [хет]   Тешко згреши+ Ерусалим. Затоа стана одвратен.+Сите што го почитуваа сега го потценуваат,+ бидејќи ја видоа неговата голотија.+А и тој самиот воздивнува+ и го врти грбот. ט [тет]   Нечистотијата му е на скутовите.+ Не мислеше на она што го чека,+и сега страшно падна. Нема кој да го утеши.+Погледни ја, Јехова, мојата неволја,+ зашто непријателот се возгордеа!+ י [јуд] 10  Непријателот посегнува со раката по сите негови драгоцености,+а тој гледа како во неговото светилиште влегуваат народи+на кои ти им заповеда да не доаѓаат во заедницата на твојот народ.* כ [каф] 11  Сиот негов народ воздивнува, бара леб.+Драгоценостите свои ги даваат за храна, за да ја закрепнат душата.+Погледни, Јехова, и види, веќе ништо не вредам!+ ל [ламед] 12  Зарем тоа ништо не ви значи на сите вас што поминувате по патот? Погледнете и видете!+Има ли болка како тешката болка што мене ми е нанесена,+со која Јехова ме зави во тага во денот на својот распламтен гнев?+ מ [мем] 13  Од висина испрати оган во моите коски,+ и сите ги освојува.Ја распна мрежата за нозете мои,+ ме сврте наназад.Ме опустоши, боледувам по цел ден.+ נ [нун] 14  Будно внимаваше на моите престапи,+ во неговата рака тие се испреплетуваат.Ми стигнаа до вратот,+ силата ме остави.Јехова ме предаде во рацете на оние против кои не можам да се подигнам.+ ס [самек] 15  Сите мои јунаци Јехова ги исфрли од мојата средина.+Против мене свика собир за да ги сотре моите младичи.+Јехова го изгази грозјето во винското гмечало+ на девицата, ќерката на Јуда.+ ע [аин] 16  Над тоа плачам.+ Окото мое, окото мое лее солзи,+зашто далеку од мене е тешителот, оној што би ми ја закрепнал душата.Моите синови се напуштени,+ зашто непријателот се возгордеа.+ פ [пе] 17  Сион ги подава рацете,+ нема кој да го утеши.+Јехова им заповеда на сите околу Јаков да се кренат против него како непријатели.+Ерусалим стана одвратен меѓу нив.+ צ [цадик] 18  Праведен е Јехова,+ зашто се побунив против зборовите на неговата уста.+Слушајте, сите народи, и видете ја мојата болка!Девојките мои и младичите мои отидоа во ропство.+ ק [куф] 19  Ги повикав своите љубовници,+ но тие ме изневерија.Свештениците мои и старците мои умреа во градот,+барајќи храна за да си ја закрепнат душата.+ ר [реш] 20  Погледни, Јехова, на големи маки сум! Утробата ми се вознемири.+Моето срце се грчи во мене,+ зашто бев крајно бунтовен.+Мечот ми ги уби децата надвор,+ а во куќата е самата смрт.+ ש [шин] 21  Луѓето слушаат како воздивнувам.+ Нема кој да ме теши.+Сите мои непријатели слушнаа за мојата неволја.+ Се веселат, затоа што ти го стори тоа.+А ти ќе направиш да дојде денот што го објави,+ па и ним да им биде како што ми е мене.+ ת [тав] 22  Сета нивна злоба нека дојде пред тебе, а ти удри ги,+како што ме удри мене поради сите мои престапи!+Зашто, многубројни се моите воздишки,+ и срцето мое е болно.+

Фусноти

Во изворниот текст, поглавјата 1⁠-4 се напишани во азбучен акростих. Поглавјата 1, 2 и 4 имаат по 22 стиха, и секој почнува со една од 22-те хебрејски букви по азбучен ред (со мали исклучоци), додека 3. поглавје има 66 стиха од кои по три почнуваат со истата хебрејска буква. Види ја фуснотата за Пс 119:1.
,Заедница на (...) народ‘ — хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.