Михеј 6:1-16

6  Слушајте, ве молам, што вели Јехова!+ Станете, изнесете ја својата парница пред планините, и ридовите нека го чујат вашиот глас!+  Слушнете ја, планини, парницата на Јехова, и вие што постојано стоите, темели на земјата!+ Зашто, Јехова има судски спор со својот народ, ќе се суди со Израел:+  „Народе мој,+ што ти направив? Со што те изморив?+ Сведочи против мене!+  Те изведов од египетската земја+ и те откупив од ропската куќа.+ Пред тебе ги испратив Мојсеј, Арон и Маријам.+  Те молам, сети се,+ народе мој, што науми Валак, моавскиот цар,+ и што му одговори Валаам, синот на Веор.+ Сети се што беше од Ситим+ до Гилгал,+ за да се разгласат праведните дела на Јехова“.+  Со што да дојдам пред+ Јехова? Со што да му се поклонам на Бог кој е на висините?+ Да дојдам ли пред него со цели жртви паленици,+ со телиња годиначиња?  Дали Јехова ќе биде задоволен со илјадници овни, со десетици илјади потоци масло?+ Ќе го дадам ли првородениот син за мојот престап,* плодот на својата утроба за гревот на мојата душа?+  Тој ти кажа, земен човеку, што е добро.+ Бара ли Јехова, твојот Бог, од тебе нешто друго, освен да постапуваш праведно,+ да ја сакаш добротата*+ и скромно+ да одиш со него?+  Гласот на Јехова вика кон градот,+ и кој е мудар,* ќе се бои од твоето име.+ Послушајте го стапот и оној што ја одредил казната!+ 10  Дали уште има во куќата на злобниот богатство стекнато со злоба+ и смалена ефа достојна за осуда? 11  Можам ли да бидам чист со злобна вага и со торба со лажни камени тегови?+ 12  Зашто, неговите богаташи се полни со насилство, а неговите жители кажуваат лаги+ и лукав е јазикот во нивната уста.+ 13  „А и јас ќе те удирам за да се разболиш,+ ќе бидеш опустошен поради своите гревови.+ 14  А ти ќе јадеш, но нема да се наситиш, ќе чувствуваш празнина во својот желудник.+ Ќе тргаш настрана некои работи, но нема да ги зачуваш, а сѐ што ќе зачуваш, јас ќе му го предадам на мечот.+ 15  Ќе сееш, но нема да жнееш. Ќе газиш маслинки, но нема да се мачкаш со масло. Ќе правиш шира, но вино нема да пиеш.+ 16  Затоа што се држите за одредбите на Амри+ и за сите дела на домот на Ахав+ и живеете* според нивните совети,+ ќе направам луѓето да се згрозуваат од вас и со чудење да потсвирнуваат кога ќе ги видат жителите на градот.+ Народите ќе се потсмеваат со вас.“+

Фусноти

Или: „бунт; бунтовнички престап“.
Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „кој има делотворна (практична, применлива) мудрост“.
Буквално: „одите“.