Матеј 14:1-36

14  Во тоа време тетрархот* Ирод* чу глас за Исус,+  па им рече на своите слуги: „Тоа е Јован Крстител. Тој воскресна од мртвите и затоа прави моќни дела“.*+  Зашто, Ирод го фати Јован, го врза и го фрли в затвор поради Иродијада, жената на брат му Филип.+  Зашто, Јован му велеше: „Законот не ти дозволува да ја имаш за жена“.+  И сакаше да го убие, но се плашеше од народот, бидејќи го сметаа за пророк.+  Но кога се славеше роденденот+ на Ирод, ќерката на Иродијада играше пред нив и толку му се допадна на Ирод  што тој се заколна дека ќе ѝ даде сѐ што ќе побара.+  Тогаш таа, наговорена од мајка си, рече: „Дај ми ја овде на послужавник главата на Јован Крстител!“+  Иако царот се нажали, сепак заповеда да ѝ ја дадат поради заклетвата и поради гостите.*+ 10  И испрати луѓе во затворот да му ја отсечат главата на Јован. 11  И ја донесоа неговата глава на послужавник и ѝ ја дадоа на девојката, а таа ѝ ја однесе на мајка си.+ 12  А учениците на Јован дојдоа, го однесоа телото и го закопаа,+ па отидоа и му јавија на Исус. 13  Кога чу за тоа, Исус замина оттаму со чамец и отиде на пусто место за да биде сам.+ Но народот дозна за тоа, па тргна по него пеш од градовите. 14  Кога излезе, виде многу народ, па се сожали+ на нив и ги излекува нивните болни.+ 15  А кога се свечери, му пријдоа учениците и рекоа: „Местово е пусто, а веќе е доцна. Распушти го народот, нека оди по селата и нека си купи нешто за јадење“.+ 16  А Исус им рече: „Не треба да одат, дајте им вие да јадат“.+ 17  Тие му одговорија: „Овде немаме ништо друго, освен пет леба и две риби“.+ 18  А тој рече: „Донесете ми ги тука“. 19  И му заповеда на народот да испоседне* на тревата. Потоа ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото и кажа благослов,+ па ги раскрши лебовите и им ги раздели на учениците, а учениците на народот.+ 20  И сите јадоа и се наситија. Потоа ги собраа преостанатите парчиња — дванаесет полни кошници.+ 21  А оние што јадеа беа околу пет илјади мажи, не сметајќи ги жените и децата.+ 22  Веднаш потоа ги натера учениците да влезат во чамецот и да отидат пред него на другата страна додека тој да го распушти народот.+ 23  Штом го распушти народот, се качи на гората сам за да се моли.+ А кога се свечери, тој сѐ уште беше таму сам. 24  Чамецот веќе беше далеку* од копното и одвај им се спротивставуваше на брановите,+ бидејќи пловеше спроти ветрот. 25  Но во текот на четвртата ноќна стража* тој дојде до нив, одејќи по морето.+ 26  Кога го здогледаа како оди по морето, учениците се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“+ И од страв почнаа да викаат. 27  Но Исус веднаш им се обрати со зборовите: „Бидете храбри, јас сум! Не плашете се!“+ 28  А Петар му рече: „Господару, ако си ти, заповедај ми да дојдам кај тебе по водата!“ 29  А тој рече: „Дојди!“ И Петар излезе од чамецот+ и, одејќи по водата, тргна кон Исус. 30  Но кога го виде бурниот ветар, се исплаши и почна да тоне, па извика: „Господару, спаси ме!“ 31  А Исус веднаш ја испружи раката, го фати и му рече: „Маловерен, зошто се посомнева?“+ 32  Кога влегоа во чамецот, бурниот ветар стивна. 33  Тогаш оние во чамецот му се поклонија и рекоа: „Навистина, ти си Божји Син“.+ 34  И преминаа на другата страна и дојдоа на копно во Генисарет.+ 35  Кога луѓето од тој крај го препознаа, го разгласија тоа по целата околија. И му ги доведуваа сите кои беа болни.+ 36  И го молеа барем да го допрат работ од неговата облека.+ И сите што го допреа, оздравеа.

Фусноти

Титула на владетел кој во Римското Царство владеел над четвртина од една провинција или како еден од четворицата владетели во провинцијата. Го нарекувале и цар (Мт 14:9; Мр 6:14).
Види ја фуснотата за Лк 3:1.
Или: „прави чуда“.
Буквално: „оние што лежеа на трпезата со него“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Буквално: „исполегне“. Спореди ја фуснотата за Мт 9:10.
Буквално: „многу стадии“. Еден стадиј бил осмина од една римска милја, и изнесувал 185 метри. Види го додатокот 13.
Види ја фуснотата за Мр 13:35.