Лука 24:1-53

24  На првиот ден од седмицата отидоа многу рано до гробот, носејќи ги мирисите што ги имаа приготвено.+  Го најдоа каменот отркалан од влезот на гробот,+  па влегоа, но не го најдоа телото на Господарот Исус.+  И додека стоеја збунети од тоа, гледај, двајца мажи во блескава облека стоеја покрај нив.+  Се уплашија и ги наведнаа лицата кон земјата, а тие им рекоа: „Зошто го барате живиот меѓу мртвите?  [Тој не е овде, туку воскресна.]*+ Сетете се како ви зборуваше додека уште беше во Галилеја:+  дека Синот човечки мора да биде предаден во рацете на грешниците и да биде прикован на столб,* а на третиот ден да воскресне“.+  Тогаш се сетија на неговите зборови.+  Се вратија од гробот и им го јавија сето тоа на единаесеттемина и на сите останати.+ 10  Тоа беа Марија Магдалена, Јоана+ и Марија, мајката на Јаков. И останатите жени,+ кои беа со нив, им го раскажаа тоа на апостолите. 11  Но тие зборови ним им звучеа бесмислено, и не им веруваа.+ 12  [Но Петар стана и отрча до гробот. Ѕирна внатре и ги виде само завоите. Потоа си замина, чудејќи се во себе за она што се случило.]* 13  И гледај, истиот тој ден двајца од нив патуваа до едно село по име Емаус, оддалечено околу шеесет стадии* од Ерусалим. 14  И разговараа меѓу себе за сѐ+ што се случи. 15  Додека така разговараа и расправаа, им пристапи самиот Исус+ и тргна со нив. 16  Но на нивните очи не им беше дадено да го препознаат.+ 17  Тој ги праша: „За што расправате додека одите по патот?“ А тие, со жалосни лица, застанаа. 18  Едниот од нив, по име Клеопа, му одговори: „Зарем си странец во Ерусалим и живееш одвоен од луѓето, па не знаеш што се случуваше во него овие денови?“ 19  А тој ги праша: „Што?“ Тие му одговорија: „Она со Исус Назареќанецот,+ кој беше пророк+ силен на дело и на збор пред Бог и пред целиот народ. 20  Нашите главни свештеници и народни поглавари го предадоа да биде осуден на смрт и го приковаа на столб.+ 21  А ние се надевавме дека тој е оној што ќе го избави Израел.+ Згора на тоа, ова е трет ден откако се случија овие работи. 22  А и некои жени,+ кои се со нас, нѐ зачудија, бидејќи утрото рано биле кај гробот, 23  но не го нашле неговото тело, па дојдоа и рекоа дека им се појавиле ангели, кои рекле дека тој е жив. 24  Тогаш некои од нашите отидоа до гробот+ и нашле сѐ онака како што рекоа жените, но него не го виделе“. 25  А тој им рече: „О, колку сте безумни и колку тешко верувате во сѐ што зборуваа пророците!+ 26  Зарем не требаше Христос* да го претрпи+ сето тоа и да влезе во својата слава?“+ 27  И почнувајќи од Мојсеј+ и од сите Пророци,+ им го протолкува она што е напишано за него во сите Писма. 28  Кога се приближија до селото во кое одеа, тој како да сакаше да продолжи понатаму. 29  Но тие го наговараа: „Остани со нас, зашто е близу вечерта, денот е при крај“. И влезе за да остане со нив. 30  Додека беше со нив на трпезата,* го зеде лебот и го благослови. Потоа го раскрши и им го подаваше.+ 31  Тогаш им се отворија очите и го препознаа, а тој исчезна од пред нив.+ 32  А тие си рекоа еден на друг: „Зарем не ни гореше срцето додека ни зборуваше по патот, додека ни ги толкуваше Писмата?“ 33  Истиот час станаа и се вратија во Ерусалим. И ги најдоа единаесеттемина и оние што беа собрани со нив 34  како зборуваат: „Господарот навистина воскреснал и му се појавил на Симон!“+ 35  Тогаш и тие раскажаа што се случи на патот и како го препознаа по кршењето на лебот.+ 36  Додека уште зборуваа за тоа, Исус застана меѓу нив [и им рече: „Имајте мир!“]* 37  А тие, исплашени и полни со страв,+ помислија дека гледаат дух. 38  А тој им рече: „Зошто се исплашивте? Зошто се јавуваат сомнежи во вашите срца? 39  Погледнете ги моиве раце и моиве нозе! Тоа сум јас! Допрете ме+ и ќе видите, бидејќи духот нема месо и коски+ како што гледате дека имам јас“. 40  [И кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете.]* 41  И додека тие од радост уште не веруваа,+ туку се чудеа, тој ги праша: „Имате ли овде нешто за јадење?“+ 42  Тие му подадоа парче печена риба+ 43  и тој ја зеде и ја изеде+ пред нивни очи. 44  Потоа им рече: „Тоа е она за кое ви зборував додека уште бев со вас,+ дека мора да се исполни сѐ што е напишано за мене во Мојсеевиот закон, во Пророците+ и во Псалмите“.+ 45  Тогаш им го отвори умот да ги разберат Писмата+ 46  и им рече: „Напишано е дека Христос ќе страда и на третиот ден ќе стане од мртвите+ 47  и дека во негово име ќе биде проповедано покајание за простување на гревовите+ меѓу сите народи+ — почнувајќи од Ерусалим,+ 48  а вие ќе бидете сведоци+ на тоа. 49  И, еве, ви го испраќам она што го вети мојот Татко. Затоа останете во градот додека не бидете облечени во сила одозгора“.+ 50  И ги изведе до Витанија, па ги подигна рацете и ги благослови.+ 51  И додека ги благословуваше, се оддалечи од нив и почна да се вознесува на небото.+ 52  А тие му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост.+ 53  И постојано беа во храмот, благословувајќи го Бог.+

Фусноти

Улогата на заградите е објаснета во фуснотата за Лк 23:34.
Види го додатокот 8.
Улогата на заградите е објаснета во фуснотата за Лк 23:34.
Околу 11 километри. Види го додатокот 13.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Буквално: „лежеше на трпезата“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Улогата на заградите е објаснета во фуснотата за Лк 23:34.
Улогата на заградите е објаснета во фуснотата за Лк 23:34.