Исус Навин 15:1-63
15 Делот што со ждрепка му припадна+ на племето на синовите на Јуда, по нивните семејства, се протегаше до едомската граница,+ по пустината Зин+ и до Негев+ на неговиот јужен крај.
2 А нивната јужна граница се протегаше од крајот на Соленото Море,+ од неговиот јужен крај.
3 Оттаму излегуваше на југ на угорништето Акравим.+ Потоа одеше до Зин,+ а од југ се искачуваше нагоре до Кадис-Варни,+ па продолжуваше до Есром, а потоа горе до Адар и свртуваше кон Карка.
4 Потоа се протегаше до Асмон+ и се спојуваше со долината на реката Египет,+ а потоа излегуваше на море. Тоа им беше јужната граница.
5 Источната граница беше Соленото Море сѐ до утоката на Јордан, а северната граница почнуваше кај северниот крај на морето, кај утоката на Јордан.+
6 Таа граница продолжуваше нагоре до Вет-Огла+ и поминуваше северно од Вет-Арава.+ Потоа границата одеше горе до каменот на Воан,+ синот на Рувим.
7 Границата потоа одеше горе до Девир, кој лежи во долината на Ахор,+ па свртуваше на север кон Гилгал,+ кој лежи пред угорништето Адумим, јужно од речната долина. Понатаму границата одеше кон водите на Ен-Семес+ и допираше до Ен-Рогел.+
8 Оттаму границата одеше горе до долината на Еномовиот син,+ до евусејската+ падина на југ, односно до Ерусалим.+ Потоа границата се искачуваше до врвот на планината што од запад гледа на долината на Еном, а таа планина се наоѓа на северниот крај од рефаимската долина.+
9 Границата одеше од врвот на планината кон Нефтоах, каде што извира вода,+ па излегуваше кај градовите на планината Ефрон. Границата одеше до Ваала+ (односно до Киријат-Јарим).+
10 Кај Ваала границата свртуваше на запад кон планината Сеир и продолжуваше до северната падина на планината Јарим, односно до Хасалон. Потоа одеше долу до Вет-Семес+ и понатаму до Темна.+
11 Оттаму границата излегуваше на северната падина на Екрон.+ Потоа се протегаше кон Сикерон, и понатаму до планината Ваала, па излегуваше на Јавнил. На крајот излегуваше на море.
12 Западната граница беше брегот на Големото Море.*+ Тоа беше границата на синовите на Јуда наоколу, по нивните семејства.
13 А на Халев,+ синот на Јефониј, му даде дел меѓу синовите на Јуда, како што му беше заповедал Јехова на Исус Навин, имено Киријат-Арва (а Арва му беше татко на Енак), односно Хеврон.+
14 Оттаму Халев протера три сина на Енак:+ Сесај,+ Ахиман и Талмај,+ потомци на Енак.+
15 Оттаму тргна против жителите на Девир.+ (А Девир порано се викаше Киријат-Сефер.)+
16 Тогаш Халев рече: „Кој ќе го порази Киријат-Сефер и ќе го освои, нему ќе му ја дадам за жена својата ќерка Ахса“.+
17 И го освои Готонил,+ синот на Кенез,+ братот на Халев. И тој му ја даде за жена својата ќерка Ахса.+
18 И кога заминуваше во својот дом, таа го наговараше својот маж да побара нива од нејзиниот татко. И додека седеше на магарето, плесна со рацете за да го викне својот татко Халев. Тогаш тој ја праша: „Што сакаш?“+
19 Таа му одговори: „Дај ми благослов! Кога веќе ми даде земја на југ, дај ми го и Голат-Маим!“ И тој ѝ ги даде Горни Голат и Долни Голат.+
20 Тоа е наследството+ на племето на синовите на Јуда,+ по нивните семејства.
21 Градовите во граничното подрачје на племето на синовите на Јуда, кон границата со Едом+ на југ беа: Кавсеил,+ Едер, Јагур,
22 Кина, Димона, Адада,
23 Кедес, Асор, Итнан,
24 Зиф, Телем,+ Валот,
25 Асор-Адата, Кериот-Есрон (односно Асор),
26 Амам, Сема, Молада,+
27 Асар-Гада, Есмон, Вет-Фалет,+
28 Асар-Суал,+ Вирсавеја,+ Визиотија,
29 Ваала,+ Им, Асем,+
30 Елтолад, Хесил, Хорма,+
31 Сиклаг,+ Мадмана, Сансана,
32 Леваот, Силеим, Аин+ и Римон+ — вкупно дваесет и девет градови со околните места.
33 Во Шефела:+ Естаол,+ Сора,+ Ашна,
34 Заноја,+ Ен-Ганим, Тафуј, Енам,
35 Јармут,+ Адолам,+ Сохо,+ Азика,+
36 Сараим,+ Адитаим, Гедера и Гедиротаим — четиринаесет градови со околните места.
37 Сенан, Адаша, Мигдал-Гад,
38 Дилан, Миспе, Јоктеил,
39 Лахис,+ Васкат,+ Еглон,+
40 Хавон, Ламам, Хитлис,
41 Гедирот, Вет-Дагон, Наама, Макида+ — шеснаесет градови со околните места.
42 Ливна,+ Етер,+ Асан,
43 Јефта, Ашна, Несив,
44 Кеила,+ Ахзив,+ Мариса+ — девет градови со околните места.
45 Екрон+ со околните градови и места.
46 Од Екрон кон запад сѐ што се наоѓа покрај Азот и околните места.
47 Азот+ со околните градови и места. Газа+ со околните градови и места, сѐ до долината на реката Египет и до Големото Море со крајбрежното подрачје.+
48 А во планините: Семир, Јатир,+ Сохо,
49 Дана, Киријат-Сана (односно Девир),
50 Анав, Естемо,+ Аним,
51 Гесем,+ Олон и Гилон+ — единаесет градови со околните места.
52 Араб, Дума, Есан,
53 Јанум, Вет-Тафуј, Афека,
54 Хумта, Киријат-Арва (односно Хеврон)+ и Сиор — девет градови со околните места.
55 Маон,+ Кармил, Зиф,+ Јута,
56 Језраел, Јокдеам, Заноја,
57 Кајн, Гаваја и Темна+ — десет градови со околните места.
58 Алул, Вет-Сур, Гедор,
59 Марат, Вет-Анот и Елтекон — шест градови со околните места.
60 Киријат-Ваал+ (односно Киријат-Јарим)+ и Рава — два града со околните места.
61 А во пустината: Вет-Арава,+ Мидин, Сехаха,
62 Нивсан, Градот на Солта и Ен-Геди+ — шест градови со околните места.
63 А синовите на Јуда не можеа да ги протераат+ Евусејците+ што живееја во Ерусалим.+ Затоа Евусејците живеат со синовите на Јуда во Ерусалим до ден-денес.
Фусноти
^ Односно Средоземното Море.