Исаија 8:1-22

8  Јехова ми рече: „Земи една голема табла+ и напиши на неа со перо на смртниот човек: ‚Махер-Шалал-Хаш-Баз‘.*  И нека ми го потврдат+ тоа веродостојни сведоци,+ свештеникот Урија+ и Захарија, синот на Еверехиј“.  Потоа ѝ пријдов на пророчицата, и таа забремени и роди син.+ Тогаш Јехова ми рече: „Дај му го името Махер-Шалал-Хаш-Баз,  зашто пред детето да научи да вика+ ‚тато‘ и ‚мамо‘, богатството на Дамаск и пленот на Самарија ќе му бидат однесени на царот на Асирија“.+  Јехова уште ми рече:  „Затоа што овој народ ги отфрли+ водите на Силоа,*+ кои течат полека, а им се радува+ на Ресин и на синот на Ремалија,+  еве, Јехова ги навраќа на нив+ силните и големи води на Реката+ — царот на Асирија+ и сета негова слава.+ И тој ќе се излее од сите свои корита и ќе се прелее преку сите свои брегови  и ќе помине низ Јуда. Ќе го поплави и ќе помине преку него.+ До грло ќе му дојде.+ Ќе ги рашири своите крилја+ преку целата твоја земја, Емануеле!“*+  Само вие правете им зло, народи, но ќе бидете сотрени! Послушајте, сите вие што сте во далечни краишта на земјата!+ Опашајте се,+ но ќе бидете сотрени!+ Опашајте се, но ќе бидете сотрени! 10  Кројте планови, но ќе пропаднат!+ Речете нешто, но нема да се оствари, зашто Бог е со нас!*+ 11  Зашто, вака ми рече Јехова кога ме фати со својата силна рака за да ме предупреди да не одам по патот по кој оди овој народ: 12  „Не велете: ‚Да се придружиме кон заговорот!‘ — секојпат кога овој народ ќе рече: ‚Да сковаме заговор!‘+ Не плашете се од она од кое се плашат тие и немојте да треперите пред тоа!+ 13  Јехова над војските — само тој нека ви биде свет,+ од него плашете се+ и пред него треперете!“+ 14  Тој ќе биде како свето место,+ но ќе биде како камен на кој ќе удрат и како карпа од која ќе се сопнат+ двата Израелови дома, како стапица и како замка за жителите на Ерусалим.+ 15  Мнозина од нив ќе се сопнат, ќе паднат и ќе се разбијат, ќе паднат во замка и ќе се фатат.+ 16  Свиткај го свитокот на сведоштвото,+ запечати го законот меѓу моите ученици!+ 17  Ќе го чекам Јехова,+ кој го скри своето лице од домот на Јаков,+ и ќе се надевам на него.+ 18  Еве, јас и децата што ми ги даде Јехова+ сме во Израел знак+ и чудо од Јехова над војските, кој живее на гората Сион.+ 19  Ако ви речат: „Обратете им се на оние што повикуваат духови+ или гатаат, кои шепотат+ и мрморат“* — не треба ли народот да му се обраќа на својот Бог?+ Зарем ќе им се обраќаат на мртвите во корист на живите?+ 20  Барајте помош во законот и во сведоштвото!+ Тие навистина ќе ги кажуваат овие зборови,+ но нема да ги осветли светлината на разденувањето.+ 21  Сите ќе одат по земјата угнетени и гладни+ и, поради гладот и гневот што ќе ги чувствуваат, ќе ги проколнуваат својот цар и својот Бог,+ вперувајќи го својот поглед угоре. 22  И ќе гледаат по земјата, а ете — неволја и мрак,+ темнина, тешки времиња и мрак во кој не се наѕира светлина.+

Фусноти

„Махер-Шалал-Хаш-Баз“ значи „Поитај, грабежу! [Или: Да се поита на грабеж.] Брз на плен“.
„Силоа“ бил водоводен канал.
Види ја фуснотата за Иса 7:14.
„Бог е со нас“ — хебрејски: имману ел. Види ја фуснотата за Иса 7:14.
Или: „се служат со зборување од стомак“.