Исаија 3:1-26
3 Гледај, Господарот,+ Јехова над војските, им ја одзема на Ерусалим+ и на Јуда секоја потпора, сите резерви од леб и сите резерви од вода,+
2 силниот човек и воинот, судијата и пророкот,+ гаталецот и старецот,+
3 педесетникот+ и угледниот човек, советникот и опитниот маѓепсник, како и вештиот гаталец.+
4 За кнезови ќе им поставам деца, самоволен владетел ќе владее над нив.+
5 Луѓето ќе постапуваат сурово еден со друг, секој со својот ближен.+ Детето ќе беснее против старецот,+ неугледниот човек против угледниот.+
6 Секој ќе се фаќа за својот брат во куќата на својот татко, велејќи: „Ти имаш наметка, ти треба да владееш со цврста рака+ над нас, под твоја власт треба да биде овој куп урнатини“.
7 А тој ќе подвикне во тој ден и ќе рече: „Нејќам јас да бидам тој што преврзува рани, а во мојата куќа нема ни леб ни наметка! Не поставувајте ме мене да владеам над народот!“
8 Ерусалим се тетерави, Јуда паѓа,+ бидејќи нивниот јазик и нивните дела му се противат на Јехова,+ бунтовни се пред очите на Славниот.+
9 Изразот на нивното лице сведочи против нив,+ зборуваат за својот грев, кој е како гревот содомски.+ Не го кријат. Тешко на нивната душа! Зашто, самите си навлекуваат неволја.+
10 Речете дека ќе му биде добро на праведникот,+ зашто ќе јаде од плодот на своите дела.+
11 Тешко на злиот! Неволја ќе го снајде, зашто ќе му биде вратено според делата на неговите раце.+
12 Управителите постапуваат безобѕирно со мојот народ, жени владеат со него.+ О народе мој, оние што те водат те заведуваат,+ те одведуваат од патот по кој одиш.+
13 Јехова станува на суд, станува за да им изрече пресуда на народите.+
14 Јехова ќе излезе на суд со старешините на својот народ и со неговите кнезови.+
„Вие го изгоревте лозјето. Во вашите куќи е она што им е грабнато на страдалниците.+
15 Зошто го угнетувате мојот народ и им го сотирате лицето на страдалниците?“+ — вели севишниот Господар, Јехова над војските.
16 Јехова уште вели: „Поради тоа што се возгордеаја сионските ќерки, кои одат со испружен врат и намигнуваат со очите, чекорат со ситни чекори и ѕвечкаат со накитот на нозете,+
17 Јехова ќе го покрие со красти+ темето на ќерките сионски, Јехова ќе им го оголи челото.+
18 Во тој ден Јехова ќе им ја одземе убавината: веришките на нозете, лентите што ги носат околу главата и месечинките,+
19 обетките, белегзиите и превезите,+
20 покривалата за глава, синџирчињата за околу глуждови и појасите,+ шишенцата со мириси* и украсните школки што се носат како амајлии,+
21 прстените за на рака и прстените за на нос,+
22 свечените кошули и горните туники, наметките и торбичките,
23 рачните огледала+ и долните облеки, турбаните+ и долгите превези.+
24 Наместо мирислив балсам+ ќе има застојана смрдеа, наместо појас ќе се врзува коноп, наместо прекрасно исчешлана коса ќе има ќелава глава,+ наместо раскошна облека ќе се препашува козина,+ наместо убавина ќе има жиг.+
25 Ќе паднат од меч твоите луѓе, ќе паднат во војна твоите јунаци.+
26 Ќе тагува сионската порта+ и ќе жали, празен ќе остане градот. На земја ќе седне“.+
Фусноти
^ Буквално: „куќите/домовите на душата“.