Еремија 27:1-22
27 На почетокот од царувањето на Јоаким,* синот на Јосија,+ царот на Јуда, оваа реч му дојде на Еремија од Јехова:
2 „Вака ми рече Јехова: ‚Направи си окови и јарем+ и стави си ги на вратот!+
3 И испрати ги кај едомскиот цар,+ кај моавскиот цар,+ кај царот на синовите на Амон,+ кај тирскиот цар+ и кај сидонскиот цар+ по гласниците што доаѓаат во Ерусалим кај Седекија, царот на Јуда!
4 И заповедај им да им порачаат на своите господари:
„Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел,+ вака кажете им на своите господари:
5 ‚Јас ги направив земјата,+ луѓето+ и животните+ што се на земјата, со својата голема сила+ и со својата подигната рака,+ и јас му ја давам на оној кому сакам.+
6 А сега јас ги давам сите тие земји во раката на Навуходоносор, вавилонскиот цар,+ мојот слуга.+ Му ги давам и полските ѕверови за да му служат.+
7 И сите народи ќе му служат нему+ и на неговиот син и на неговиот внук, додека не дојде време и за неговата земја,+ па многу народи и големи цареви да го направат и него свој слуга‘.+
8 ‚А народот и царството кои нема да му служат нему, на Навуходоносор, вавилонскиот цар, и кои не го ставаат својот врат под јаремот на вавилонскиот цар, тој народ ќе го казнувам со меч,+ со глад+ и со помор‘,+ вели Јехова, ‚додека не ги истребам со неговата рака‘.+
9 ‚А вие не слушајте ги своите пророци,+ ниту своите гаталци, ниту оние што сонуваат соништа,+ ниту оние што се занимаваат со магија, ниту своите маѓепсници,+ кои ви зборуваат: „Нема да му служите на вавилонскиот цар“!+
10 Зашто, тие ви пророкуваат лага за да ве одведат далеку од вашата земја. Навистина, јас ќе ве расеам и вие ќе изгинете.+
11 А народот што ќе го стави својот врат под јаремот на вавилонскиот цар и ќе му служи, него ќе го оставам во мир на неговата земја,‘ вели Јехова, ‚и тој ќе ја обработува и ќе живее на неа‘ “ ‘ “.+
12 Сите тие зборови му ги кажав+ на Седекија,+ царот на Јуда, велејќи: „Ставете го својот врат под јаремот на вавилонскиот цар и служете му нему и на неговиот народ, и ќе останете живи!+
13 Зошто ти и твојот народ да умрете од меч,+ од глад+ и од помор,+ како што рече Јехова за народот што нема да му служи на вавилонскиот цар?
14 Не слушајте ги зборовите на пророците што ви велат: ‚Нема да му служите на вавилонскиот цар‘,+ зашто тие ви пророкуваат лага.+
15 ‚Јас не ги испратив,‘ вели Јехова, ‚туку лажно пророкуваат во мое име, за да ве расеам,+ и да изгинете,+ и вие и пророците што ви пророкуваат‘ “.+
16 А на свештениците и на целиот овој народ им реков: „Вака вели Јехова: ‚Не слушајте ги зборовите на своите пророци што ви пророкуваат: „Еве, приборот од Јеховиниот дом наскоро ќе се врати од Вавилон!“+ Тие ви пророкуваат лага.+
17 Не слушајте ги! Служете му на вавилонскиот цар, и ќе останете живи!+ Зошто овој град да се претвори во урнатини?+
18 А ако се тие навистина пророци и ако е кај нив навистина Јеховината реч, нека го молат Јехова над војските+ да не го однесат во Вавилон приборот што преостана во Јеховиниот дом и во дворецот на царот на Јуда и во Ерусалим‘.
19 Зашто, вака вели Јехова за столбовите,+ за морето,+ за количките+ и за остатокот од приборот што остана во овој град,+
20 кој Навуходоносор, вавилонскиот цар, не го зеде кога од Ерусалим го одведе Јехонија,+ синот на Јоаким, царот на Јуда, во изгнанство во Вавилон, заедно со сите достоинственици на Јуда и на Ерусалим,+
21 навистина, вака вели Јехова над војските, Богот на Израел, за приборот што остана во Јеховиниот дом и во домот на царот на Јуда и во Ерусалим:+
22 ‚„Во Вавилон ќе го однесат+ и таму ќе остане до денот кога ќе дојдам по него“,+ вели Јехова. „И ќе го донесам и ќе го вратам на ова место“ ‘ “.+
Фусноти
^ Или: „Седекија“, според сирискиот и арапскиот превод, како и според три хебрејски ракописи.