Езекиел 30:1-26

30  И повторно ми дојде Јеховината реч:  „Сине човечки, пророкувај и речи:+ ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Плачете горко: ‚Леле, доаѓа денот!‘+  — зашто, близу е денот, близу е Јеховиниот ден.+ Тоа ќе биде облачен ден,+ време за да им се суди на народите.+  Мечот ќе дојде во Египет,+ а тешки болки ќе ја обземат Етиопија кога убиените ќе почнат да паѓаат во Египет, кога ќе го грабнат неговото богатство и кога ќе му бидат урнати темелите.+  Етиопија,+ Фут+ и Луд и сите оние од другите народи*+ и Хув и синовите на земјата која е во сојуз ќе паднат од меч со него“ ‘.+  Вака вели Јехова: ‚Ќе паднат оние што го поддржуваат Египет, ќе пропадне гордоста и неговата сила‘.+ ‚Од Мигдол+ до Сиена+ ќе паѓаат во него од меч‘, вели Севишниот Господар Јехова.  ‚Ќе биде најголема пустош меѓу сите опустошени земји, а неговите градови ќе бидат најопустошени од сите градови.+  И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова, кога ќе запалам оган во Египет и кога ќе бидат сотрени сите негови помагачи.+  Во тој ден гласници ќе тргнат откај мене во бродови за да ја заплашат самоуверената Етиопија.+ Тешки болки ќе ја снајдат во денот на пропаста на Египет, зашто, еве, ќе дојде.‘+ 10  Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе го сотрам египетското мноштво со раката на Навуходоносор, царот на Вавилон.+ 11  Тој и неговиот народ со него, оние што ги угнетуваат народите,+ ќе бидат доведени да ја претворат земјата во урнатини. Ќе ги извлечат мечевите против Египет и ќе ја наполнат земјата со убиени.+ 12  А јас ќе ги исушам нилските канали+ и ќе ја предадам* земјата во рацете на злите.+ Со рацете на туѓинци ќе ја опустошам земјата и она што е во неа.+ Јас, Јехова, реков така‘.+ 13  Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе ги уништам одвратните идоли*+ и ќе ги истребам безвредните богови од Ноф,*+ и ќе нема повеќе поглавар од египетската земја. И ќе пуштам страв врз египетската земја.+ 14  Ќе го опустошам Патрос,+ ќе запалам оган во Соан+ и ќе извршам пресуда во Но.+ 15  Ќе го излеам својот гнев+ врз Син, египетската тврдина, и ќе го истребам мноштвото во Но.+ 16  Ќе запалам оган во Египет. Син ќе го обземат тешки болки, Но ќе биде освоен кога ќе му ги пробијат ѕидиштата, а Ноф ќе го напаѓаат непријателите дење. 17  Момчињата од Он*+ и од Пи-Весет ќе паднат од меч, градовите ќе отидат во заробеништво. 18  Во Тафнис+ ќе се помрачи денот кога таму ќе го скршам египетскиот јарем.+ Ќе исчезне во него гордоста и неговата сила.+ Тафнис ќе го прекријат облаци+ и неговите околни градови ќе отидат во заробеништво.+ 19  Ќе извршам пресуда над Египет,+ и тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова‘ “. 20  Во единаесеттата година, во првиот месец, на седмиот ден од тој месец, ми дојде Јеховината реч: 21  „Сине човечки, ќе му ја скршам раката+ на фараонот, на царот на Египет. Еве, никој нема да ја завие и нема да ја прицврсти со некаков завој за да оздрави+ и да има сила да го држи мечот“. 22  „Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве, доаѓам против фараонот, царот на Египет,+ и ќе му ги скршам рацете,+ и силната и скршената,+ и ќе му го избијам мечот од раце.+ 23  Ќе ги распрснам Египќаните меѓу народите и ќе ги расеам по земјите.+ 24  Ќе му ги зајакнам рацете на вавилонскиот цар+ и ќе му го дадам својот меч нему в раце,+ и ќе му ги скршам рацете на фараонот, па ќе стенка пред него како смртно ранет човек.+ 25  Ќе му ги зајакнам рацете на вавилонскиот цар, а рацете на фараонот ќе изгубат сила. И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова, кога ќе му го дадам својот меч во рака на вавилонскиот цар и кога тој ќе замавне со него против египетската земја.+ 26  Ќе ги распрснам Египќаните меѓу народите+ и ќе ги расеам по земјите. И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова‘.“

Фусноти

Буквално: „целото мешано мноштво; сета мешавина од народи“.
Буквално: „продадам“.
„Ноф“ е хебрејско име за Мемфис.
Или: „лепешкавите идоли“.
Или: „Хелиополис“. Буквално: „Авена“.