Јов 36:1-33
36 Потоа Елиу рече:
2 „Биди стрплив уште малку со мене, и јас ќе ти покажамдека треба уште нешто да се каже за Бог.
3 Опширно ќе го изнесам своето знаењеи ќе покажам дека мојот Творец е праведен.+
4 Зашто, моите зборови навистина не се лага.Со тебе е Оној што има совршено знаење.+
5 Гледај, Бог е моќен+ и тој нема да отфрли човек,силен е во разборитоста на своето срце.
6 Нема да го остави жив злобниот,+туку ќе им даде правда на страдалниците.+
7 Тој нема да го тргне погледот од праведникот,+ќе постави цареви на престолот+ засекогаш,и ќе бидат возвишени.
8 Ако луѓето се врзани со синџири,+јажињата на неволјата ќе ги ограничуваат.
9 Тогаш тој ќе им ги спомне нивните делаи нивните престапи, затоа што се вообразени.
10 Увото ќе им се отвори за да ја чујат опомената+и ќе им каже да се одвратат од зло.+
11 Ако послушаат и ако почнат да му служат,нивните денови ќе завршат во доброи нивните години во задоволство.+
12 Но, ако не послушаат, ќе умрат+ од стрела+без да научат нешто.
13 А оние што имаат отпадничко срце, ќе натрупуваат гнев.+Нема да молат за помош кога тој ќе ги врзе.
14 Нивната душа ќе умре во младоста,+животот ќе им згасне меѓу машките храмски блудници.+
15 А тој ќе го избави страдалникот од неговата неволјаи ќе му го отвори увото кога е во мака, за да го поучи.
16 Ќе те избави од устата на неволјата!+Наместо во неа да бидеш стеснет, ќе бидеш на пространо место,+и на твојата трпеза ќе има изобилство+ утеха.
17 Ќе се нагледаш на пресудите што ги добиваат злите;+пресудата и правдата ќе се поддржат.
18 Затоа внимавај бесот+ да не те наведе да плескаш со рацете пакоснои големата откупнина+ нека не те заведе.
19 Ќе биде ли услишен твојот повик за помош?+ Не, нема да те избави од неволјатадури ни целиот твој голем труд.+
20 Не воздивнувај за ноќта,кога луѓето заминуваат на починка.
21 Внимавај да не скршнеш во зло,+зашто си го одбрал него наместо неволјата.+
22 Гледај, Бог постапува возвишено во својата сила!Има ли учител како него?
23 Кој го повикал на одговорност поради неговите дела+и кој му рекол: ‚Си постапил неправедно‘?+
24 Сети се дека треба да ги величаш неговите дела+за кои пеат+ луѓето.
25 Целиот човечки род ги набљудува,смртниот човек оддалеку ги гледа.+
26 Гледај, Бог е многу повозвишен отколку што можеме да сфатиме,+не може да се истражи бројот на неговите години.+
27 Зашто, тој ги црпи капките вода во висините,+па тие се цедат одозгора како дожд и како негова магла,
28 и тогаш облаците капат,+се излеваат врз луѓето изобилно.
29 Навистина, кој може да ги разбере посланите облаци,татнежот од неговиот шатор?+
30 Гледај, над него ја распростира својата светлина+и го покрива морското дно.
31 Со тоа тој ги брани народите,+и дава храна во изобилство.+
32 Во своите раце ја крие молњатаи ѝ заповеда да го удри напаѓачот.+
33 Неговиот татнеж+ раскажува за него,а и стоката — за оној што доаѓа над нив.