Префрли се на текстот

Што вели Библијата за порнографијата и дали забранува сајбер-секс?

Што вели Библијата за порнографијата и дали забранува сајбер-секс?

Што вели Библијата:

 Во Библијата не се зборува конкретно за порнографија, сајбер-секс или за некои слични активности. Меѓутоа, во неа многу отворено е кажано што мисли Бог за навиките кои ги поттикнуваат луѓето да се впуштат во сексуални односи надвор од бракот или, пак, ги наведуваат да стекнат изопачено гледиште за сексот. Размисли за следниве стихови од Библијата:

  •   „Усмртете го она што е земно во вашите делови на телото: блудот, нечистотијата, сексуалната страст“ (Колошаните 3:5). Наместо да ги умртви погрешните желби, порнографијата уште повеќе ги разгорува. Оној што гледа порнографија е нечист во Божји очи.

  •   „Секој што гледа во жена со страст, веќе извршил прељуба со неа во своето срце“ (Матеј 5:28). Ако некој гледа еротски слики, ќе му се појават неисправни мисли. А таквите мисли ќе водат до погрешни постапки.

  •   „Блуд и секаква нечистотија или лакомост дури да не се спомнуваат меѓу вас“ (Ефешаните 5:3). Не треба да се забавуваме така што ќе разговараме за неморални сексуални односи, а уште помалку да гледаме или читаме нешто во кое отворено се прикажуваат или опишуваат.

  •   „Делата на телото се очигледни. Тоа се: блуд, нечистотија... и други слични работи. Тоа ви го кажувам однапред, како што веќе и ви реков, дека оние што прават такво нешто нема да го наследат Божјето царство“ (Галатите 5:19-21). Оние што гледаат порнографија или се впуштаат во сајбер-секс, секс по телефон или секстинг во Божји очи се нечисти, односно морално извалкани. Ако некој ги прави овие работи, ќе го изгуби блиското пријателство со Бог.