Префрли се на текстот

На кого или на што се однесува изразот „речта Божја“?

На кого или на што се однесува изразот „речта Божја“?

Што вели Библијата:

 Изразот „речта Божја“ обично се однесува на една или повеќе пораки од Бог (Лука 11:28). На неколку места, изразот „Реч Божја“ или „Речта“ се користи и како титула (Откровение 19:13; Јован 1:14).

 Порака од Бог. Пророците во минатото честопати велеле дека пораките што ги пренесувале биле Божја реч. На пример, пред да пренесе неколку пораки од Бог, Еремија велел: „Ми дојде Јеховината реч“ (Еремија 1:4, 11, 13; 2:1). А пророкот Самоил, пред да му каже на Саул дека Бог го избрал за цар, рекол: „Сега застани да ти ја јавам Божјата реч“ (1. Самоилова 9:27).

 Титула. Изразот „Речта“ се појавува во Библијата како титула за Исус Христос — и како духовно суштество на небото и како човек на Земјата. Зошто може да го кажеме тоа?

  •   Речта постоела пред да биде создадено сѐ друго. „Во почетокот беше Речта... Тој во почетокот беше кај Бог“ (Јован 1:1, 2). Исус е „првороден од сѐ што е создадено... Тој е пред сѐ друго“ (Колошаните 1:13-15, 17).

  •   Речта дошла на Земјата како човек. „Речта стана тело и престојуваше меѓу нас“ (Јован 1:14). „Христос Исус... се одрече од самиот себе и зеде облик на роб и стана сличен на луѓето“ (Филипјаните 2:5-7).

  •   Речта е Божји Син. Откако апостол Јован рекол дека Речта станала тело, како што е наведено погоре, додал: „Ја гледавме неговата слава, слава што ја имаше како единороден на татко“ (Јован 1:14). Јован исто така напишал: „Исус Христос е Син Божји“ (1. Јованово 4:15).

  •   Речта има особини слични на Божјите. „Речта беше бог“ или, како што стои во некои преводи, „Речта беше божествена“ (Јован 1:1; An American Translation). a Исус е „одраз на [Божјата] слава и точна слика на неговото битие“ (Евреите 1:2, 3).

  •   Речта владее како цар. Библијата вели дека на главата на Речта Божја има „многу круни“ (Откровение 19:12, 13). Исто така, Речта е наречена „Цар над царевите и Господар над господарите“ (Откровение 19:16). И Исус е наречен „Цар над царевите и Господар над господарите“ (1. Тимотеј 6:14, 15).

  •   Речта е Божји гласноговорник. Титулата „Речта“ очигледно се однесува на личноста што Бог ја користи за да ги пренесува неговите пораки и упатства. Исус рекол дека тој ја вршел таа улога: „Самиот Татко, кој ме испрати, ми даде заповед што да кажам и што да зборувам... Затоа, она што го зборувам, го зборувам токму онака како што ми го кажа Таткото“ (Јован 12:49, 50).

a Нешто повеќе во врска со тоа кој е исправниот начин да се преведе овој стих има во статијата „Дали Исус е Бог?“, која излезе во Стражарска кула од 1 април 2009, стр. 18-19.