Префрли се на текстот

Дали пророштвата во врска со Месијата докажуваат дека Исус е Месијата?

Дали пророштвата во врска со Месијата докажуваат дека Исус е Месијата?

Што вели Библијата?

 Да. Додека бил на Земјата, Исус исполнил голем број пророштва за „Месијанскиот Водач“ кој требало да биде „Спасител на светот“ (Даниел 9:25; 1. Јованово 4:14). Дури и по својата смрт, Исус исполнил некои пророштва за Месијата (Псалм 110:1; Дела 2:34-36).

 Што значи изразот Месија?

 Зборот „Месија“ кој потекнува од хебрејскиот јазик и зборот „Христос“ кој потекнува од грчкиот јазик значат „Помазаник“. Според тоа, „Исус Христос“ значи „Исус Помазаникот“ или „Исус Месијата“.

 Во библиски времиња, кога некој бил поставуван на некоја посебна положба, обично му било излевано масло врз главата (3. Мојсеева 8:12; 1. Самоилова 16:13). Бог го поставил Исус за Месија, и со тоа му дал положба со голем авторитет (Дела 2:36). Меѓутоа, Бог не го помазал Исус со масло, туку со свет дух (Матеј 3:16).

 Дали е можно пророштвата за Месијата да се исполниле на повеќе личности?

 Не. Исто како што еден отпечаток на прст укажува само на еден човек, така и исполнувањето на библиските пророштва укажува дека има само еден Месија или Христос. Сепак, Библијата нѐ предупредува дека „ќе се појават лажни Христоси и лажни пророци и ќе прават големи знаци и чуда за да ги заведат, ако е можно, и избраните“ (Матеј 24:24).

 Можно ли е Месијата допрва да се појави?

 Не. Библијата прорекла дека Месијата ќе биде потомок на израелскиот цар Давид (Псалм 89:3, 4). Но, еврејските родословни записи кои воделе до Давид, денес не постојат. Тие очигледно биле уништени во 70 год. од н.е., кога Римјаните го освоиле Ерусалим. a Оттогаш, за никој не може да се докаже дека потекнува од царската лоза на Давид. Но, со оглед на тоа дека во времето на Исус постоеле родословните записи, дури ни неговите непријатели не можеле да оспорат дека тој е потомок на Давид (Матеј 22:41-46).

 Колку пророштва во врска со Месијата има во Библијата?

 Не е можно точно да се прецизира вкупниот број на пророштва за Месијата. Една причина за тоа е различниот начин на кој можат да се бројат пророштвата дури и во извештаи за кои јасно се гледа дека се однесуваат на Месијата. На пример, во Исаија 53:2-7 се спомнуваат неколку детали кои се однесуваат на Месијата. Некои би можеле да гледаат на овој извештај како на едно пророштво, додека други би можеле да го сметаат секој детаљ за одделно пророштво.

 Некои пророштва за Месијата кои се исполниле на Исус

Пророштво

Каде е запишано?

Исполнување

Потомок на Авраам

1. Мојсеева 22:17, 18

Матеј 1:1

Потомок на Исак, синот на Авраам

1. Мојсеева 17:19

Матеј 1:2

Ќе се роди во израелското племе Јуда

1. Мојсеева 49:10

Матеј 1:1, 3

Од царската лоза на Давид

Исаија 9:7

Матеј 1:1

Ќе го роди девица

Исаија 7:14

Матеј 1:18, 22, 23

Ќе се роди во Витлеем

Михеј 5:2

Матеј 2:1, 5, 6

Ќе биде наречен Емануел b

Исаија 7:14

Матеј 1:21-23

Скромен почеток

Исаија 53:2

Лука 2:7

По неговото раѓање ќе бидат убиени мали деца

Еремија 31:15

Матеј 2:16-18

Повикан од Египет

Осија 11:1

Матеј 2:13-15

Ќе биде наречен Назареќанец c

Исаија 11:1

Матеј 2:23

Пред него ќе оди гласник

Малахија 3:1

Матеј 11:7-10

Ќе биде помазан како Месија во 29 год. од н.е. d

Даниел 9:25

Матеј 3:13-17

Бог ќе го нарече свој Син

Псалм 2:7

Дела 13:33, 34

Ќе има ревност за Божјиот дом

Псалм 69:9

Јован 2:13-17

Ќе објавува добра вест

Исаија 61:1

Лука 4:16-21

Неговата служба во Галилеја ќе биде како голема светлина

Исаија 9:1, 2

Матеј 4:13-16

Ќе прави чуда како Мојсеј

5. Мојсеева 18:15

Дела 2:22

Исто како Мојсеј, ќе ги објавува Божјите зборови

5. Мојсеева 18:18, 19

Јован 12:49

Ќе излекува мнозина

Исаија 53:4

Матеј 8:16, 17

Нема да привлекува внимание на себе

Исаија 42:2

Матеј 12:17, 19

Ќе биде сочувствителен со угнетените

Исаија 42:3

Матеј 12:9-20; Марко 6:34

Ќе покаже каква е Божјата правда

Исаија 42:1, 4

Матеј 12:17-20

Ќе биде Прекрасен Советник

Исаија 9:6, 7

Јован 6:68

Ќе го објавува Јеховиното име

Псалм 22:22

Јован 17:6

Ќе зборува со споредби

Псалм 78:2

Матеј 13:34, 35

Ќе биде Водач

Даниел 9:25

Матеј 23:10

Мнозина нема да веруваат во него

Исаија 53:1

Јован 12:37, 38

Ќе биде камен за спрепнување

Исаија 8:14, 15

Матеј 21:42-44

Отфрлен од луѓето

Псалм 118:22, 23

Дела 4:10, 11

Мразен без причина

Псалм 69:4

Јован 15:24, 25

Ќе влезе во Ерусалим како цар, јавајќи на магаре

Захарија 9:9

Матеј 21:4-9

Ќе биде фален од деца

Псалм 8:2

Матеј 21:15, 16

Ќе дојде во името на Јехова

Псалм 118:26

Јован 12:12, 13

Издаден од близок соработник

Псалм 41:9

Јован 13:18

Издаден за 30 сребреници e

Захарија 11:12, 13

Матеј 26:14-16; 27:3-10

Пријателите ќе го напуштат

Захарија 13:7

Матеј 26:31, 56

Против него ќе сведочат лажни сведоци

Псалм 35:11

Матеј 26:59-61

Ќе молчи пред своите обвинители

Исаија 53:7

Матеј 27:12-14

Ќе биде плукан

Исаија 50:6

Матеј 26:67; 27:27, 30

Ќе биде удиран по глава

Михеј 5:1

Марко 15:19

Ќе биде камшикуван

Исаија 50:6

Јован 19:1

Нема да им се спротивстави на оние што ќе го удираат

Исаија 50:6

Јован 18:22, 23

Владетели ќе сковаат заговор против него

Псалм 2:2

Лука 23:10-12

Ќе биде прикован на столб низ рацете и нозете

Псалм 22:16

Матеј 27:35; Јован 20:25

Ќе фрлаат ждрепка за неговата облека

Псалм 22:18

Јован 19:23, 24

Вброен меѓу грешници

Исаија 53:12

Матеј 27:38

Понижуван и навредуван

Псалм 22:7, 8

Матеј 27:39-43

Ќе страда за грешници

Исаија 53:5, 6

1. Петрово 2:23-25

Ќе изгледа дека Бог го оставил

Псалм 22:1

Марко 15:34

Ќе му дадат да пие оцет и жолчка

Псалм 69:21

Матеј 27:34

Ќе биде жеден кратко пред да умре

Псалм 22:15

Јован 19:28, 29

Ќе му го довери својот дух на Бог

Псалм 31:5

Лука 23:46

Ќе го даде својот живот

Исаија 53:12

Марко 15:37

Ќе обезбеди откупнина за да биде отстранет гревот

Исаија 53:12

Матеј 20:28

Нема да му биде скршена ниту една коска

Псалм 34:20

Јован 19:31-33, 36

Ќе биде прободен

Захарија 12:10

Јован 19:33-35, 37

Ќе биде погребан со богатите

Исаија 53:9

Матеј 27:57-60

Ќе воскресне

Псалм 16:10

Дела 2:29-31

Предавникот ќе биде заменет

Псалм 109:8

Дела 1:15-20

Ќе седне од десната страна на Бог

Псалм 110:1

Дела 2:34-36

a Во една енциклопедија пишува: „Скоро и да нема сомнеж дека записите за еврејските племиња и семејства исчезнале при уништувањето на Ерусалим, а не претходно“ (Cyclopedia на Меклинток и Стронг).

b Хебрејското име Емануел, кое значи „со нас е Бог“, соодветно ја опишува улогата на Исус како Месија. Неговиот живот на Земјата и неговите постапки биле доказ дека Бог е со своите слуги (Лука 2:27-32; 7:12-16).

c Изразот „Назареќанец“ веројатно е изведен од хебрејскиот збор нецер, кој значи „фиданка“.

d За повеќе информации во врска со тоа како Библијата прорекла дека Месијата ќе се појави во 29 год. од н.е., види ја статијата „Како пророштвото на Даниел го претскажува доаѓањето на Месијата“.

e Ова пророштво се наоѓа во книгата Захарија, но библискиот писател Матеј рекол дека било „кажано преку пророкот Еремија“ (Матеј 27:9). Се чини дека книгата Еремија понекогаш била прва по ред во групата пророчки книги кои се нарекувале „Пророците“ (Лука 24:44). Со називот „Еремија“, Матеј очигледно се осврнал на целата таа група, во која се наоѓала и книгата Захарија.