Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Лево: Yasser Qudaih/Anadolu via Getty Images; десно: RONALDO SCHEMIDT/AFP via Getty Images

БИДЕТЕ БУДНИ!

Кога ќе престанат конфликтите? Што вели Библијата?

Кога ќе престанат конфликтите? Што вели Библијата?

 „Сега е време за смиреност и деескалација. Сега е време за максимална воздржаност“ вели Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш во врска со директниот напад на Иран врз Израел кој се случи во сабота на 13 април 2024.

 Конфликтите на Блискиот Исток се дел од еден глобален тренд.

 „Светот се соочува со најголемиот број воени конфликти од Втората светска војна и засегнати се 2 милијарди луѓе — четвртина од човештвото“ (Советот за безбедност на Обединетите Нации, 26 јануари 2023).

 Подрачја во кои има воени конфликти се Израел, Газа, Сирија, Азербејџан, Украина, Судан, Етиопија, Нигер, Мјанмар и Хаити. a

 Кога ќе престанат конфликтите? Можат ли светските водачи да постигнат мир? Што вели Библијата?

Свет во војна

 Конфликтите кои денес ги има низ целиот свет се показател дека наскоро ќе им дојде крај на сите војни. Овие војни се исполнување на библиските пророштва за временскиот период во кој живееме. Библијата го нарекува „свршетокот на овој поредок“ (Матеј 24:3).

  •   „Ќе чуете за војни на разни места... Ќе се крене народ против народ и царство против царство“ (Матеј 24:6, 7).

 Прочитај ја статијата „Од каде знаеме дека живееме во ’последните денови‘?“ за да дознаеш како денешните војни исполнуваат библиски пророштва.

Војна што ќе стави крај на сите војни

 Библијата прорекла дека ќе им дојде крај на човечките конфликти. Како ќе се случи тоа? Не со човечки напори, туку преку Армагедон, „војната која ќе се случи во големиот ден на Семоќниот Бог“ (Откровение 16:14, 16). Оваа војна ќе овозможи Бог да го исполни своето ветување човештвото да ужива во траен мир (Псалм 37:10, 11, 29).

 За да дознаеш нешто повеќе за Божјата војна што ќе стави крај на сите војни, прочитај ја статијата „Што е Армагедон?

a ACLED Conflict Index, „Рангирање на нивото на насилните конфликти низ светот“, јануари 2024