Префрли се на текстот

Што е Watch Tower Bible and Tract Society?

Што е Watch Tower Bible and Tract Society?

 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania е непрофитно правно тело основано во 1884 год. во склад со законите на државата Пенсилванија (САД). Преку ова тело, Јеховините сведоци го вршат своето меѓународно дело, во што спаѓа и издавање Библии и библиска литература.

 Како што е наведено во статутот на ова правно тело, неговите цели се од „верски, образовен и хуманитарен“ карактер, а главна цел е „да се проповеда и да се поучува за добрата вест за Божјето Царство на чело со Исус Христос“. Член на ова правно тело се станува само со покана, а не според тоа колку некој донирал. Членовите и директорите на ова правно тело му помагаат на Водечкото тело на Јеховините сведоци.

Правни тела што соработуваат меѓу себе

 Освен Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania, Јеховините сведоци користат и десетици други правни тела во различни земји. Некои од нив во својот назив ги содржат зборовите „Watch Tower“, „Watchtower“, или нивни превод.

 Откако беа основани овие различни правни тела, успеавме да постигнеме многу. На пример:

  •   Пишување и издаваштво. Имаме издадено околу 220 милиони Библии и библиска литература со тираж од околу 40 милијарди примероци. Нашите публикации се достапни на преку 900 јазици. Нашата интернет-страница им овозможува на луѓето бесплатно да ја читаат Библијата онлајн на повеќе од 160 јазици и да добијат одговор на прашања како: „Што е Божјето Царство?

  •   Образование. Организираме различни библиски школи. На пример, од 1943 год., околу 9.000 Јеховини сведоци имаа корист од интензивната обука на Школата Гилеад, која ги подготви да служат како мисионери или да помогнат нашето меѓународно дело да напредува и подобро да се организира. Исто така, секоја седмица милиони лица, меѓу кои има и луѓе кои не се Јеховини сведоци, добиваат поуки на состаноците што се одржуваат во нашите собранија. Водиме и класови за описменување, а издадовме и учебник на 120 јазици со кој им помагаме на луѓето да научат да читаат и да пишуваат.

  •   Хуманитарна помош. Обезбедуваме материјална помош кога ќе се случи некоја катастрофа — сеедно дали е предизвикана од човек, како што беше геноцидот во Руанда во 1994 год., или природна, како што беше земјотресот на Хаити во 2010 год.

 Иако нашите правни тела ни помагаат да постигнеме многу, делото што го вршиме не зависи од ниедно од нив. Секој христијанин има лична одговорност да биде послушен на Божјата заповед да проповеда и да поучува за добрата вест (Матеј 24:14; 28:19, 20). Уверени сме дека Бог го поддржува нашето дело и дека и понатаму ќе прави „да расте“ (1. Коринќаните 3:6, 7).