БИДИ ПРИЈАТЕЛ СО ЈЕХОВА
Кој треба да ми биде пријател?
Користете го овој проект за да им помогнете на вашите деца да си најдат пријатели во собранието.
Родители, заедно со вашите деца прочитајте го стихот од Изреки 13:20 и разговарајте за него.
Преземи го овој проект и отпечати го.
За да најдеме добри пријатели, можеби ќе треба да ја надминеме срамежливоста. Користејќи го списокот подолу, помогнете му на вашето дете да избере некој од собранието со кого ќе почне разговор. Нека им ги покаже картичките на братот или сестрата за да си изберат едно од прашањата и да одговорат на него. Кога ќе дознаеш нешто ново за некого, тоа може да води до прекрасно пријателство!