„Нека не ти премалат рацете“
Нека не ти премалат рацете! (СОФ. 3:16)
1, 2. а) Со какви проблеми се соочуваат многумина денес, и кои се последиците од тоа? б) Во што нѐ уверуваат зборовите од Исаија 41:10, 13?
ЕДНА сестра која служи како општ пионер и е во брак со еден старешина вели: „И покрај тоа што сум зафатена со духовни активности, веќе со години се борам со чувства на вознемиреност и страв. Тоа ми го нарушува сонот и здравјето, и влијае врз начинот на кој се однесувам со другите. Понекогаш ми доаѓа да кренам раце од сѐ“.
2 Можеш ли да ги разбереш чувствата на оваа сестра? За жал, бидејќи живееме во овој злобен сатански свет, изложени сме на огромен притисок. Поради тоа, некои од нас се измачуваат со чувства на загриженост и страв кои можат да ни ја одземат силата (Изр. 12:25). Дали можеби си тажен затоа што ти починал некој од најмилите? Дали си сериозно болен или, пак, се соочуваш со прогонство? Дали работиш напорно за да го издржуваш семејството, а сепак едвај успевате да врзете крај со крај? На долги патеки, стресот може емоционално да те исцрпи и да ти ја задуши радоста. Сепак, без разлика низ што поминуваш, биди уверен дека Бог е спремен да ти помага. (Прочитај Исаија 41:10, 13.)
3, 4. а) Во која смисла се користи зборот „раце“ во Библијата? б) Од кои причини нашите раце можат да ослабат?
3 Библијата честопати ги споредува особините или Езра 6:22). Исто така, може да значи дека некој е позитивен и има надеж за иднината.
постапките на некоја личност со разни делови од човечкото тело. На пример, рацете се спомнуваат стотици пати. Кога се вели дека некому му биле зајакнати рацете, тоа може да значи дека тој бил охрабрен и зајакнат, и дека поради тоа е спремен да преземе нешто (4 На други места во Библијата пишува дека нечии раце може да ослабат или да премалат. Тоа значи дека некое лице може да се обесхрабри или да изгуби надеж (2. Лет. 15:7; Евр. 12:12). Кога си под стрес, кога си исцрпен во физички и емоционален поглед или кога чувствуваш дека твојот однос со Јехова е ослабнат, можеби сакаш да се откажеш од сѐ. Кој може да ти влее сила во таква ситуација? Како можеш да се охрабриш за да издржиш и да ја зачуваш радоста?
„РАКАТА НА ЈЕХОВА НЕ СТАНАЛА ПРЕКРАТКА, ПА ДА НЕ МОЖЕ ДА СПАСИ“
5. а) Што може да ни се случи кога се соочуваме со проблеми, но што не треба да заборавиме? б) Што ќе разгледаме во оваа статија?
5 Прочитај Софонија 3:16, 17. Кога се соочуваме со проблеми, не треба да дозволиме нашите раце да ослабат, односно да се исплашиме или да се обесхрабриме. Нашиот Татко, кој многу нѐ сака, нѐ повикува да му ги кажеме сите наши грижи (1. Пет. 5:7). Јехова се грижи за нас исто како што се грижел за Израелците. Тој ги уверил дека неговата рака „не станала прекратка, па да не може“ да ги спаси. Јехова е секогаш спремен да ги спаси своите верни слуги (Иса. 59:1). Во оваа статија ќе разгледаме три извонредни примери од Библијата кои покажуваат дека Јехова сака и може да ги зајакне своите слуги да ја вршат неговата волја, дури и кога се соочуваат со тешки ситуации. Да видиме како овие примери можат да те зајакнат.
6, 7. Што можеме да научиме од победата која Израелците ја извојувале над Амаличаните?
6 Кратко откако Израелците биле ослободени од ропството во Египет, Амаличаните ги нападнале. Мојсеј му рекол на Исус Навин, кој бил храбар човек, да ги поведе Израелците во битка. А потоа Мојсеј, Арон и Ор се качиле на блискиот рид, од каде што можеле да го гледаат бојното поле. Дали сакале да ја избегнат битката затоа што се исплашиле? Во никој случај!
7 Израелците ги победиле Амаличаните бидејќи Мојсеј постапил во склад со упатствата што му ги дал Јехова. Тој го зел стапот на вистинскиот Бог и ги подигнал рацете кон небото. Сѐ додека ги држел кренати, Јехова им помагал на Израелците да надвладуваат, но кога ги спуштал, надвладувале Амаличаните. Кога на Мојсеј му отежнале рацете, Арон и Ор брзо направиле нешто за да му помогнат. Библијата вели: „Зедоа еден камен, го ставија под него и тој седна. А Арон и Ор му ги држеа рацете, едниот од едната, а другиот од другата страна, така што рацете му останаа кренати сѐ до зајдисонце“. Бидејќи моќната Божја рака била со Израелците, тие извојувале победа над Амаличаните (2. Мој. 17:8-13).
8. а) Што направил Аса кога Етиопјаните ја нападнале Јуда? б) Како може да се угледаме на Аса?
8 И во времето на цар Аса, Јехова покажал дека неговата рака не е прекратка. Во Библијата се спомнуваат многу војски, но најголемата од сите била војската на Зара Етиопјанецот, која броела еден милион искусни војници. Етиопската војска била речиси двојно поголема од војската на цар Мат. 19:26). Јехова ја употребил својата огромна моќ за да „ги порази Етиопјаните пред Аса“, кој му бил потполно оддаден до крајот на својот живот (2. Лет. 14:8-13; 1. Цар. 15:14).
Аса. Поради тоа, тој лесно можел да се уплаши, да се загрижи и да се обесхрабри. Но, дали дозволил да му ослабат рацете? Не! Аса веднаш побарал помош од Јехова. Од стратешка гледна точка, било невозможно да ги порази Етиопјаните. „Но за Бог сѐ е возможно“ (9. а) Што не го спречило Неемија повторно да го изгради ѕидот околу Ерусалим? б) Како одговорил Бог на молитвата на Неемија?
9 А како му помогнал Јехова на Неемија? Замисли си како се чувствувал овој Божји слуга кога дошол во Ерусалим. Градот бил незаштитен, а Евреите биле обесхрабрени. Поради заканите од непријателите, тие престанале да го градат ѕидот околу Ерусалим. Дали Неемија се обесхрабрил поради тоа, и дали дозволил да му ослабат рацете? Не! Исто како Мојсеј, Аса и други верни Божји слуги, Неемија секогаш се потпирал на Јехова. И во оваа ситуација тој му се помолил, и Бог го услишил. Јехова ги зајакнал Евреите со својата „силна рака“ и „голема сила“. (Прочитај Неемија 1:10; 2:17-20; 6:9.) Дали си уверен дека Јехова и денес ги користи својата „силна рака“ и „голема сила“ за да ги зајакне оние што му служат?
ЈЕХОВА ЌЕ ГИ ЗАЈАКНЕ И ТВОИТЕ РАЦЕ
10, 11. а) Како Сатана се обидува да ги ослаби нашите раце? б) Како Јехова нѐ зајакнува и ни дава сила? в) Како ти помагаат поуките што ни ги дава Јехова?
10 Можеме да бидеме сигурни дека Ѓаволот нема да крене раце од нас. Тој ќе продолжи да нѐ напаѓа за да нѐ спречи да ги вршиме нашите христијански активности. За да ја постигне оваа цел, се служи со лаги и закани од властите, верските водачи и отпадниците. Ѓаволот се обидува да нѐ натера да престанеме да ја проповедаме добрата вест за Царството. Но, Јехова сака и може да ни помогне. Тој ни го дава својот дух за да нѐ зајакне (1. Лет. 29:12). Многу е важно да го молиме Бог за свет дух за да можеме да му се спротивставиме на Сатана и на овој злобен свет (Пс. 18:39; 1. Кор. 10:13). Благодарни сме и за помошта од Божјата Реч, која била пишувана под водство на светиот дух. Многу ни користат и нашите библиски публикации кои ги добиваме секој месец. Јеховините зборови што пророкот Захарија им ги кажал на Израелците кои повторно го граделе храмот во Ерусалим, можат многу да ни помогнат и нам денес. (Прочитај Захарија 8:9, 13.)
11 Јехова нѐ зајакнува и преку поуките што ги добиваме на христијанските состаноци, собири и конгреси, како и на нашите теократски школи. Тие ни помагаат да му служиме на Бог од исправни мотиви, да си поставуваме цели и да ги извршуваме разните христијански одговорности што ги имаме (Пс. 119:33). Дали спремно му дозволуваш на Јехова да ти ги зајакне рацете преку своите поуки?
12. Што треба да правиме за да останеме духовно јаки?
12 Јехова му помогнал на својот народ да ги порази Амаличаните и Етиопјаните, а на Неемија и на Евреите им дал сила да ја довршат изградбата на ѕидот околу Ерусалим. Бог и нам ќе ни даде сила да продолжиме да проповедаме иако се соочуваме со грижи, стравови, противење и рамнодушност (1. Пет. 5:10). Сепак, не треба да очекуваме Јехова да прави чуда за нас. Наместо тоа, ние мора да го дадеме својот дел. Ова значи дека треба да ја читаме Божјата Реч секој ден, да се подготвуваме и да одиме на нашите состаноци секоја седмица, редовно да проучуваме и да ја одржуваме Семејната вечер, и секогаш да се потпираме на Јехова во молитва. Никогаш да не дозволиме некои други цели и активности да нѐ спречат да извлечеме потполна корист од она што ни го дава Јехова за да нѐ зајакне и охрабри. Ако почувствуваш дека рацете ти ослабуваат на некое од овие полиња, моли го Бог за помош. Ќе видиш како светиот дух дејствува, и ти дава сила и желба да постапуваш во склад со Божјата волја (Фил. 2:13). Но, како можеш и самиот да им ги зајакнеш рацете на другите?
ДА ГИ ЗАЈАКНЕМЕ ПРЕМАЛЕНИТЕ РАЦЕ
13, 14. а) Како еден брат бил зајакнат по смртта на својата жена? б) Како можеме да ги зајакнуваме другите?
13 Ние сме дел од едно меѓународно братство. Јехова ни дал грижливи браќа и сестри кои можат да нѐ охрабрат. Апостол Павле рекол: „Исправете ги премалените раце и ослабените колена и израмнете ги патеките по кои одат вашите нозе“ (Евр. 12:12, 13). Многу христијани во првиот век добиле таква помош од своите соверници. Слично е и денес. На пример, откако му починала жената и минал низ други тешки ситуации, еден брат рекол: „Сфатив дека ние не ги бираме искушенијата, ниту, пак, бираме кога и колку често ќе ни се случуваат. Молитвата и личното проучување ми беа како елек за спасување кој ми помагаше да не потонам. А браќата и сестрите ми беа извор на голема утеха. Сфатив дека е многу важно да развиеме близок однос со Јехова уште пред да се соочиме со тешкотии во животот“.
14 Арон и Ор му ги зајакнале рацете на Мојсеј за време на битката со Амаличаните. Денес, и ние можеме да им ги зајакнеме рацете на другите. Некои наши браќа и сестри се во поодминати години, имаат здравствени проблеми, доживуваат прогонство од членовите на семејството, се борат со осаменост или им починал некој близок. Младите честопати се изложени на притисок да постапуваат погрешно или да бидат некој и нешто во светот (1. Сол. 3:1-3; 5:11, 14). Затоа, труди се да покажеш искрен интерес за другите кога одиш на состаноци, кога си во служба, кога се дружиш со нив или кога разговарате по телефон.
15. Како можат да влијаат нашите охрабрувачки зборови врз соверниците?
15 Откако Аса извојувал голема победа над бројната етиопска војска, пророкот Азарија ги охрабрил него и неговиот народ со следниве зборови: „Бидете храбри и нека не ви ослабат рацете, зашто вашите дела ќе бидат наградени“ (2. Лет. 15:7). Ова го поттикнало Аса да направи многу промени за да го обнови обожавањето на вистинскиот Бог. И твоите охрабрувачки зборови може да имаат слично влијание врз другите и да ги поттикнат да продолжат со цело срце да му служат на Јехова (Изр. 15:23). Освен тоа, не заборавај дека и со своите охрабрувачки коментари на состаноците можеш многу да ги зајакнеш браќата и сестрите.
16. а) Како можат старешините да го следат примерот на Неемија? б) Како браќата и сестрите ти помогнале тебе лично?
16 Со Јеховина помош, Неемија и Евреите си ги зајакнале рацете. Тие успеале да ги изградат ѕидовите на Ерусалим за само 52 дена! (Неем. 2:18; 6:15, 16). Неемија не седел со скрстени раце, туку и самиот учествувал во обновата на ѕидот (Неем. 5:16). Многу старешини денес го следат неговиот пример кога помагаат во изградбата, чистењето или одржувањето на теократските објекти. Исто така, овие мажи со љубов ги зајакнуваат браќата и сестрите кои се притиснати од „грижи во срцето“. Тоа го прават така што ги посетуваат и соработуваат со нив во службата. (Прочитај Исаија 35:3, 4.)
„НЕКА НЕ ТИ ПРЕМАЛАТ РАЦЕТЕ“
17, 18. Во што можеме да бидеме уверени кога се соочуваме со проблеми?
17 Кога служиме рамо до рамо со нашите соверници, се зајакнува единството во собранието. Ова ни помага да склопиме вистински пријателства и да имаме поголема доверба во благословите што наскоро ќе ги донесе Божјето Царство. Со тоа што им ги зајакнуваме рацете на другите, ние им помагаме да ги пребродат тешките ситуации и да ја зачуваат надежта за иднината. На тој начин, го насочуваме погледот на наградата што ни ја ветил Бог, и духовните работи ни остануваат на прво место. Всушност, така ги зајакнуваме и своите раце.
18 Ако размислуваме за тоа како Јехова ги штител своите верни слуги во минатото и како се грижел за нив, уште повеќе ќе се зацврсти нашата доверба во него. Затоа, кога се соочуваш со проблеми или се измачуваш со грижи, не дозволувај да „ти премалат рацете“! Биди уверен дека, ако го молиш Јехова за помош, неговата силна рака ќе те зајакне и ќе те води до новиот свет кој сега е на прагот (Пс. 73:23, 24).