Песна 150
Не штедиме сили!
Преземи:
-
Јехова добро знае сѐ,
кој пат до траен успех е.
Тој разни можности ни дал
да биде среќен млад и стар.
(РЕФРЕН)
Спремни сме секаде
да помагаме.
За својот сакан Бог силите
не ги штедиме.
-
Во дело сме што е во ек
и многу нешта се во тек.
Зар не би било добра цел
од сето тоа да сме дел?
(РЕФРЕН)
Спремни сме секаде
да помагаме.
За својот сакан Бог силите
не ги штедиме.
-
На нови нешта спремни сме,
нов план, нов јазик, нова цел,
бидејќи вреди сиот труд
да има живот секој друг.
(РЕФРЕН)
Спремни сме секаде
да помагаме.
За својот сакан Бог силите
не ги штедиме.
(Види и Јован 4:35; Дела 2:8; Рим. 10:14.)