ПОГЛАВЈЕ 28
Од каде да знаеме на кого да му бидеме послушни
ПОНЕКОГАШ е тешко да знаеме на кого да му бидеме послушни. Можеби мама и тато ти кажуваат да направиш нешто. Но, потоа, учителката или некој полицаец може да ти каже да направиш нешто сосема друго. Ако се случи тоа, на кого би требало да му бидеш послушен?—
Претходно во оваа книга, во 7. поглавје, ги прочитавме од Библијата стиховите во Ефешаните 6:1—3. Таму се вели дека децата треба да им бидат послушни на родителите. „Бидете им послушни на своите родители во обединетост со Господ“, вели стихот. Знаеш ли што значи да се биде „во обединетост со Господ“?— Родителите што се во обединетост со Господ, ги поучуваат своите деца да им бидат послушни на Божјите закони.
Но, некои постари луѓе не веруваат во Јехова. Тогаш, што ако некој од нив вели дека не е ништо страшно да се препишува на писмена работа во училиште или да се земе нешто од продавница без да се плати? Дали е исправно едно дете да препишува или да краде?—
Сети се, еднаш царот Навуходоносор заповедал сите да се поклонат пред златниот кип што тој го подигнал. Но, Седрах, Мисах и Авденаго не се поклониле. Знаеш ли зошто?— Затоа што Библијата вели дека луѓето треба да го обожаваат само Јехова (Излез 20:3; Матеј 4:10).
Откако умрел Исус, неговите апостоли биле одведени пред Синедрионот, главниот верски суд на Евреите. Дела 5:27-29).
Првосвештеникот Кајафа рекол: „Изречно ви наредивме повеќе да не учите на темел на [Исусовото] име, а сепак, еве, го наполнивте Ерусалим со вашето учење“. Зошто апостолите не го послушале Синедрионот?— Петар, зборувајќи во името на сите апостоли, му одговорил на Кајафа: „Повеќе мораме да го слушаме Бог како владетел отколку луѓето“ (Во тоа време, верските водачи на Евреите имале голема моќ. Меѓутоа, нивната земја била под власта на римската влада. Главниот во таа влада бил наречен цезар. Иако Евреите не сакале цезарот да владее над нив, римската влада направила многу добри работи за луѓето. И владите денес исто така прават добри работи за своите граѓани. Знаеш ли кои се некои од тие работи?—
Владите прават патишта за патување и ги плаќаат полицајците и пожарникарите за да нѐ заштитуваат. Можеби обезбедуваат и школување за младите и здравствена грижа за постарите. За сето ова на владата ѝ се потребни пари. Знаеш ли од каде владата ги добива овие пари?— Од луѓето. Парите што луѓето ѝ ги плаќаат на владата се викаат даноци.
Кога Големиот Учител живеел на земјата, многу Евреи не сакале да ѝ плаќаат даноци на римската влада. Така, еден ден, свештениците платиле некои луѓе да му постават на Исус едно прашање за да му направат проблем. Прашањето било: ‚Дали мораме да му плаќаме данок на цезарот или не?‘ Ова било лукаво прашање. Ако Исус одговорел со ‚Да, морате да плаќате‘, на многу Евреи немало да им се допадне тоа. Но, Исус не можел да рече ‚Не, не треба да плаќате даноци‘. Би било погрешно да го рече тоа.
Тогаш, што направил Исус? Тој рекол: ‚Покажете ми една паричка‘. Кога му донеле паричка, Исус ги прашал: ‚Чија слика и име е на неа?‘ Луѓето рекле: „На цезарот“. Исус рекол: „Тогаш, се разбира, плаќајте го цезаревото на цезарот, а Божјето на Бог“ (Лука 20:19-26).
Па, никој не можел да најде нешто погрешно во тој одговор. Ако цезарот прави некои работи за луѓето, сосема е исправно тие да ги користат парите што тој ги направил за да му платат за тие работи. На тој начин Исус покажал дека е исправно да ѝ плаќаме даноци на владата за работите што ги добиваме од неа.
Можеби ти не си доволно голем за да плаќаш даноци. Но, има нешто што треба да ѝ го дадеш на владата. Знаеш ли што е тоа?— Послушност кон законите на владата. Библијата вели: ‚Бидете им послушни на вишите власти‘. Овие власти се луѓето што имаат моќ во владата. Значи, Бог е тој што вели дека треба да им бидеме послушни на законите на владата (Можеби има закон да не се фрла хартија или други работи по улицата. Треба ли да му бидеш послушен на тој закон?— Да, Бог сака да му бидеш послушен. Треба ли да им бидеш послушен и на полицајците?— Владата плаќа полицајци за да ги заштитуваат луѓето. Кога сме им послушни ним, исто како да сме ѝ послушни на владата.
Значи, ако си тргнал да ја преминеш улицата и полицаецот ти рече: „Чекај!“, што треба да направиш?— Ако другите и покрај тоа претрчаат преку улицата, треба ли и ти да направиш така?— Треба да почекаш, дури и да си единствениот што чека. Бог ти вели да бидеш послушен.
Можеби во близина има некој проблем, и еден полицаец вели: „Не одете на улица. Не излегувајте надвор“. Но, можеби ти слушаш викање и се прашуваш што се случува. Треба ли да излезеш за да видиш?— Дали со тоа би бил послушен на „вишите власти“?—
На многу места, владата исто така гради училишта и ги плаќа учителите. Што мислиш, дали Бог сака да ѝ бидеш послушен на учителката?— Размисли за тоа. Владата ја плаќа учителката за да поучува, исто како што го плаќа полицаецот за да ги заштитува луѓето. Значи, да им се биде послушен на полицаецот и на учителката е исто како да ѝ се биде послушен на владата.
Но, што ако учителката вели дека мора да извршиш чин на обожавање на некој лик? Што ќе направиш тогаш?— Тројцата
Евреи не се поклониле пред ликот, дури ни кога царот Навуходоносор им рекол да го направат тоа. Се сеќаваш ли зошто?— Затоа што не сакале да му бидат непослушни на Бог.Еден писател по историја, кој се вика Вил Дјурант, пишувал за раните христијани и рекол дека нивната ‚најдлабока приврзаност [или лојалност] не му припаѓала на цезарот‘. Не, таа му припаѓала на Јехова! Затоа, запомни дека Бог треба да ни биде на прво место во животот.
Ние сме ѝ послушни на владата затоа што Бог го бара тоа од нас. Но, ако ни се каже да направиме нешто за кое Бог вели дека не треба да го правиме, што треба да кажеме?— Треба да го кажеме она што апостолите му го рекле на првосвештеникот: „Повеќе мораме да го слушаме Бог како владетел отколку луѓето“ (Дела 5:29).
Библијата учи да го почитуваме законот. Прочитај што пишува во Матеј 5:41; Тит 3:1 и 1. Петрово 2:12-14.