2. Самоилова 20:1-26

20  А таму се најде еден опак човек,+ кој се викаше Сава,+ син на Вихри од племето на Венијамин. Тој затруби во рог+ и викна: „Ние немаме ништо со Давид! Ние немаме наследство со Јесеевиот син!+ Врати се кај своите богови,+ Израеле!“  Тогаш сите Израелци го оставија Давид и тргнаа по Сава, синот на Вихри.+ Но синовите на Јуда останаа покрај својот цар и го испратија од Јордан до Ерусалим.+  Кога дојде во својот дворец во Ерусалим,+ цар Давид ги зеде десетте жени,+ наложници,* кои ги остави да го чуваат дворецот, и ги одведе во една куќа што беше под стража. Се грижеше за нивното издржување, но повеќе не легна со нив,+ туку останаа затворени сѐ до својата смрт, како вдовици на жив маж.  Потоа царот му рече на Амаса:+ „Свикај ми ги сите синови на Јуда за три дена, а и ти биди овде!“  И Амаса отиде да ги свика синовите на Јуда, но се задржа повеќе од рокот што му го одреди царот.  А Давид му рече на Ависај:+ „Сега Сава,+ синот на Вихри, ќе биде за нас полош од Авесалом.+ Земи ги слугите+ на својот господар и појди во потера по него за да не најде некаков утврден град и да ни избега пред очи!“  Така под негово водство појдоа луѓето на Јоав,+ Херетејците,+ Фелетејците+ и сите јунаци. Тие излегоа од Ерусалим во потера по Сава, синот на Вихри.  Кога беа близу до големиот камен, кој е во Гаваон,+ во пресрет им дојде Амаса.+ А Јоав носеше воена опрема и ремен, а на бедрото имаше опашано меч во ножница. Кога тргна напред, мечот му падна.  И Јоав му рече на Амаса: „Дали си добро, брате?“+ Потоа Јоав со десната рака го фати Амаса за брадата небаре ќе го бакне.+ 10  А Амаса не обрна внимание на мечот што беше во раката на Јоав, и Јоав му го заби+ в стомак и му ги истури цревата на земја. Не мораше да го повтори ударот, зашто тој умре. А Јоав и Ависај, неговиот брат, ја продолжија потерата по Сава, синот на Вихри. 11  А еден од луѓето на Јоав остана кај Амаса, велејќи: „Кој е за Јоав и кој е за Давид,+ нека појде по Јоав!“ 12  А Амаса лежеше во крв+ на сред пат. Кога виде дека сите луѓе застануваат, овој човек го одвлече Амаса од патот во полето. На крајот фрли облека врз него, зашто виде дека застанува секој што поминуваше покрај него.+ 13  Кога го тргна од патот, сите појдоа по Јоав за да го гонат Сава,+ синот на Вихри. 14  А Сава помина низ сите племиња на Израел дури до Авел Вет-Маак.+ Тогаш се собраа сите луѓе на Вихри, па и тие тргнаа со него во градот. 15  А луѓето на Јоав дојдоа и го опколија во Авел Вет-Маак. И направија опсаден насип околу градот,+ зашто градот беше опколен со ѕид. Сите луѓе што беа со Јоав го поткопаа ѕидот за да го урнат. 16  Тогаш една мудра жена+ извика од градскиот ѕид: „Чујте! Чујте! Ве молам, речете му на Јоав да се приближи ваму за да разговарам со него!“ 17  Кога тој се приближи, жената праша: „Ти ли си Јоав?“ Тој одговори: „Јас сум“. Тогаш таа му рече: „Чуј ги зборовите на својата робинка!“+ Тој ѝ одговори: „Слушам“. 18  А таа продолжи: „Едно време вака се велеше: ‚Само нека се распрашаат во Авел, и работата ќе се реши‘. 19  Јас зборувам во името на мирољубивите+ и верните+ во Израел. Ти сакаш да го уништиш градот,+ кој е мајка во Израел. Зошто да го сотреш+ Јеховиното наследство?“+ 20  Тогаш Јоав ѝ одговори: „Никако не сакам да сотирам и да уништувам. 21  Не станува збор за тоа, туку еден човек од ефремските планини,+ кој се вика Сава,+ син на Вихри, се побуни против цар Давид.+ Предајте го само него,+ па ќе се повлечам од градот!“+ Тогаш жената му рече на Јоав: „Еве, ќе ти ја фрлиме неговата глава+ преку ѕидот!“ 22  Таа мудра+ жена отиде и му се обрати на сиот народ, па тие му ја отсекоа главата на Сава, синот на Вихри, и му ја фрлија на Јоав. Тогаш тој затруби во рогот+ и војниците се разотидоа од градот, секој во својата куќа. А Јоав се врати кај царот во Ерусалим. 23  Јоав заповедаше со целата израелска војска,+ а Венај,+ синот на Јодај,+ заповедаше со Херетејците+ и со Фелетејците.+ 24  Адорам+ ги надгледуваше оние што беа одредени за работа, а Јосафат,+ синот на Ахилуд, беше летописец. 25  Шева+ беше писар,+ а Садок+ и Авијатар+ беа свештеници. 26  Ира од Јаир стана намесник*+ на Давид.

Фусноти

Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.
Буквално: „свештеник“.